РакометРакометна репрезентација

Македонија во втор шешир ако обезбеди пласман на СП 2027

Сподели
ФОТО: РФМ
Сподели

Светската ракометна федерација (ИХФ) официјално ги одреди шеширите за Светското првенство во 2027 година, кое ќе се одржи во Германија, а македонската репрезентација, доколку избори пласман, ќе има исклучително поволна позиција пред ждрепката.

Македонија во баражот за пласман на Мундијалот ќе се соочи со победникот од двомечот меѓу Словачка и Украина. Доколку нашиот национален тим ја мине оваа пречка, сигурно ќе биде сместен во вториот шешир, што значително ги зголемува шансите за поповолна група.

Поголемиот дел од учесниците веќе се познати, додека уште две селекции ќе добијат учество преку „вајлд-карта“.

Шешири за СП 2027 

Прв шешир:

Данска, Германија, Хрватска, Исланд, Португалија, Шведска, Египет, Аргентина

Втор шешир:

Франција/Чешка, (Финска/Црна Гора), Словенија, (Турција/Романија), Норвешка, (Литванија/Србија), Унгарија, (Грузија/Израел), Шпанија, Швајцарија/Италија, (БиХ/Косово), Фарски Острови, (Украина/Словачка), Македонија

Трет шешир:

(Грција/Белгија)/Холандија, (Летонија/Полска), Австрија, Бразил, Бахреин, Тунис, Зеленортски Острови, Чиле, претставник на Северна Америка

Четврти шешир:

Катар, Кувајт, Јапонија, Алжир, Ангола, Уругвај, Вајлд-карта 1, Вајлд-карта 2

ФОТО: IHF

Ждрепката за Светското првенство во 2027 година ќе се одржи во месец јуни во Минхен, а евентуалниот пласман на Македонија во вториот шешир би значел одлична основа за конкурентна група и успешен настап на мундијалската сцена.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Вечерва во Векше, грчките ракометари загубија од Шведска...

Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Сите мечеви ќе стартуваат во 13 часот. Познати...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство...

Ракомет

Ракометен празник во Богданци: Легендарната „Млаз“ ќе ги пречека младите ракометни надежи на турнирот У13 – Исток!

Богданци повторно ќе биде во центарот на ракометните случувања, овојпат со најмладите...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија веќе има два бода, а Грција вечерва го игра првиот меч против Шведска

Македонија веќе ја заврши првата задача во квалификациите со победата од 41:23...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!