Прва лигаФудбал

Уште еден фудбалер го напушти Шкупи!

Сподели
ФОТО: Илхан Османи
Сподели

Прволигашот Шкупи ќе има сериозни предизвици во пролетниот дел од Првата фудбалска лига. Откако клубот остана без тренерот, а не успеа да ги комплетира трансферите на неколку фудбалери, од тимот замина и Џихан Адили.

23-годишниот Адили кој потекнува токму од школата на Шкупи ќе продолжи во нова средина, а заминувањето го потврди самиот фудбалер.

„Денес не ми е лесно да му кажам збогум на ФК Шкупи. Овој клуб беше местото каде што израснав како фудбалер, но уште повеќе како човек. Секој тренинг, секој натпревар, секој момент поминат со овој дрес ќе остане засекогаш во моето срце. Да ја носам и капитенската лента беше извонредна чест и одговорност што секогаш ќе ја паметам. Од срце им се заблагодарувам на раководството на клубот за довербата, на стручниот штаб за поддршката, на соиграчите за секоја заедничка битка и на навивачите „Шверцери“ за љубовта и безусловната поддршка што никогаш нема да ја заборавам. Си заминувам со почит и голема гордост што бев дел од овој клуб. ФК Шкупи засекогаш ќе остане во моето срце“, рече Адили.

Низ неговата кариера покрај за Шкупи настапуваше и за Њу Старс, Велазерими од Кичево, Воска Спорт, Кораб од Дебар, Беласица, Кожуф и Брегалница, а меѓународна кариера градеше во Косово настапувајќи за екипата на Дреница.


Шкупи е на дното од табелата со само еден бод, пролетниот дел го отвара против Тиквеш, но наместо на Чаир ќе игра во Кавадарци како формален домаќин, а Тиквеш како формален гостин.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Ројевиќ по одбранетиот трофеј: „Да се ресетираме и да одиме во нови победи!“

ГРК Охрид по вторпат во низа го освои меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако во финалето го совлада Вардар со 29-27 и го одбрани...

Ракомет

Мулти Есенс го преживеа Младост и со тесен резултат обезбеди борба за бронза на турнирот во Прилеп

Мулти Есенс успеа да стигне до победа над Младост 1977 со 30-29 во исклучително неизвесен натпревар, во кој богданчани до самиот финиш се...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Каменица Саса со убедлива победа над Дојранско Езеро на пријателски меч

Ланскиот второлигаш забележа висока победа на пријателскиот натпревар против Дојранско Езеро со...

Втора лигаФудбал

Пелистер и Брера без победник, Кожуф го совлада Шкупи, историска победа за Камјани

Пелистер и Брпера одиграа без победник, 0-0, во натпревар во кој гостинскиот...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Стартува 25. сезона во ПЖФЛ: Скопје ја брани титулата, Пелистер нов прволигаш

Утре започнува 25. издание на Првата женска фудбалска лига на Македонија, со...

ИнтернационалциФудбал

Тренчовски славеше со Олимпија Љубљана: Марин влезе во игра и даде гол за три бода!

Македонскиот стратег Југослав Тренчовски стигна до нов триумф во шампионатот на Словенија,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!