Прва женска фудбалска лигаФудбал

Убедлива победа на Истатов на контролниот меч со Речица

Сподели
ФОТО: ЖФК Истатов
Сподели

Прволигашите продолжуваат со подготовки и одигрување на пријателски натпревар пред стартот на пролетниот дел од Првата женска фудбалска лига.

Истатов забележа висока и убедлива победа од 3:8 над Речица, а победа која беше најавена уште во првиот дел од мечот кога „истатовки“ имаат предност од 0:4.

Сепак, резултатот е во втор план, бидејќи овие пријателски натпревари имаат контролен карактер со цел добивање јасна слика пред продолжување на шампионатот.


Истатов кој го води искусниот стратег Кирил Изов пролетниот дел го отвара на домашен терен против „фенерџијата“ Кочани, а пак Речица ќе гостува кај шампионот Љуботен во Тетово.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Седум натпревари од 25. коло на Втора лига

Со седум натпревари денес ќе биде отворено 25. коло на Втората македонска фудбалска лига, а ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Седум натпревари од 25. коло на Втора лига

Со седум натпревари денес ќе биде отворено 25. коло на Втората македонска...

Трета лигаФудбал

Еден натпревар од Втора лига ќе се одигра утре

Денес со седум натпревари се отвара 25. коло на Втората македонска фудбалска...

Трета лигаФудбал

Крстевски ќе им суди на Демир Хисар и Света Троица, Лаброски на Влазними и Кораб

Делегирани судиите за четирите натпревари од 14. коло на Третата македонска фудбалска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!