Утре во битолско Ношпал ќе се одигра пријателски натпревар меѓу третолигашот Напредок и второлигашот Тетекс, во рамки на зимските подготовки.
Напредок имаше солидна есенска полусезона во Трета лига – Југозапад и во пролетниот дел ќе цели кон што повисок пласман на табелата, од друга страна тетовските „штофари“ ги очекува битка за опстанок во Втората лига, а тимот веќе одигра и неколку пријателски натпревар за проверка на формата.
Теренот во Ношпал за што веќе претходно Спортска Мрежа објави е во перфектна состојба, за кој може да позавидат и некои прволигаши и второлигаши.
Пријателскиот меч со контролен карактер меѓу Напредок и Тетекс ќе стартува во 12:30 часот.