Останато

Ѓорческа денес игра полуфинале во Порто!

Сподели
ФОТО: ТФСМ
Сподели

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа избори пласман во полуфиналето на ИТФ 50 Порто турнирот откако ја совлада првата носителка Деспина Папамихаил со 2-0 во сетови (76(1) 63) за 104 минути игра. Денес од 12:30 часот во полуфиналето противничка ќе и биде седмата носителка Флона Кроули од САД.

Во првиот сет македонската тенисерка имаше постојано водство, а не реализираше и две сет топки во 12.гем. Но, затоа пак покажа психичка стабилност во тајбрејкот откако ривалката поведе со 1:0 следните седум поени ги освои Ѓорческа и поведе со 1:0 во сетови. Во вториот сет повторно нашата тенисерка беше таа што имаше водство во сетот, а во деветтиот гем ја искористи првата меч топка.

Ова беше четврта победа за Ѓорческа во петтиот меѓусебен дуел со Папамихаил.


Нејзината денешна ривалка по голема борба ја совлада Шпанката Релес со 2-1 во сетови (57, 61 76(6)).

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

(ВИДЕО) Еурофарм Пелистер со нов брендиран автобус: „Само еден тим, само еден град“

Еурофарм Пелистер продолжува со унапредување на условите за функционирање на клубот, а најновата новина е модерниот и брендиран клупски автобус со кој ракометарите...

ФудбалФутсал

КМФ Проект отвора нова страница: Македонскиот шампион останува верен на концептот со млади играчи

КМФ Проект влегува во новата натпреварувачка сезона со јасна визија – продолжување на развојот на сопствените млади играчи, градење на тим за долгорочен...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) МОК ја продлабочува соработката со Светската е-спорт федерација: Е-спортот и олимпизмот се новата реалност

Македонскиот олимписки комитет оствари работна средба со висока делегација на Светската е-спорт...

Останато

Пораз за Лина Ѓорческа на стартот на ВТА 125 турнирот во Љубљана

Најуспешната македонска тенисерка Лина Ѓорческа доживеа пораз во првото коло на ВТА...

Останато

Сребро за Душица Бресалиева на Multi European games G1 2026

Македонската таеквондистка Душица Бресалиева освои сребрен медал на Multi European Games G1...

Останато

Алексеј Стојановски триумфираше на турнирот „Тумба“ во Куманово

Изминативе денови на терените на ТК „Тумба“ во Куманово се одржа турнир...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!