Останати репрезентацииОстанатоРепрезентација

Македонскиот олимписки тим пристигна во Милано

Сподели
ФОТО: МОК
Сподели

Македонската олимписка делегација пристигна во Милано и официјално ги започна подготовките за настап на Олимписките игри во Милано и Кортина, каде што македонскиот спорт повторно ќе биде претставен на највисоко меѓународно ниво.

Делегацијата ја сочинуваат четворица натпреварувачи и шест официјални лица – тренери и медицински персонал, а истата е предводена од Цветанка Макаровски во улога на шеф на делегацијата. Македонските претставници се подготвени за нови спортски предизвици и докажувања на олимписката сцена.

Свеченото отворање на Олимписките игри ќе се одржи денес, на легендарниот стадион „Сан Сиро“ во Милано, со почеток во 20:00 часот по локално време. Покрај централната церемонија во Милано, истовремено ќе се одржат и паради на спортистите на олимписките објекти во Предацо, Ливињо и Кортина д’Ампецо, што ќе ѝ даде посебна димензија на манифестацијата низ северна Италија.

Македонското знаме на овие Олимписки игри ќе го носат Јана Атанасовска во Кортина и Ставре Јада во Предацо, кои ќе ја имаат честа да ја претставуваат државата на свечените церемонии.


Церемонијата на отворањето ќе биде пренесувана во живо на Македонската Радио Телевизија, додека информациите за точните термини на настапите на македонските натпреварувачи, како и сите актуелности директно од олимписките терени, ќе бидат достапни на официјалниот веб-сајт и на социјалните мрежи на Македонскиот олимписки комитет.

Сподели

Не пропуштајте

Останато

Работнички и Вардар ЕМ за првиот „Чајка“ Супер куп трофеј

Актуелниот шампион Работнички Скопје и освојувачот на Купот на ОФМ за 2026 година, Вардар ЕМ, ќе ги одмерат силите во женскиот натпревар од...

Останато

Шампионот УГД Штип и Борец за првиот Супер куп трофеј

„Бранко Хаџииљоски – Чајка“ Супер купот денеска ќе обедини два значајни моменти за македонската одбојка – јубилејното 50. издание на меморијалниот турнир и...

Поврзани написи
Останато

Работнички и Вардар ЕМ за првиот „Чајка“ Супер куп трофеј

Актуелниот шампион Работнички Скопје и освојувачот на Купот на ОФМ за 2026...

Останато

Шампионот УГД Штип и Борец за првиот Супер куп трофеј

„Бранко Хаџииљоски – Чајка“ Супер купот денеска ќе обедини два значајни моменти...

Останато

Калин Ивановски го заврши настапот на Челинџерот во Палермо

Македонскиот тенисер Калин Ивановски го заврши настапот на Челинџер 50 турнирот во...

Останато

Газели Волеј со две интернационални засилувања: Сохила Вафек и Николета Капици во составот за новата сезона

Газели Волеј го комплетира составот за сезоната 2026/27 со две интернационални засилувања....

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!