Втора лигаТрета лигаФудбал

Пријателски меч на Победа Валандово и Кожуф со хуманитарен карактер!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането преземање без претходна писмена согласност!
Сподели

Во сабота (7 февруари), со почеток во 13:00 часот, на Градскиот стадион во Валандово ќе се одигра контролен натпревар помеѓу екипите на Победа Валандово и Кожуф од Гевгелија.

Средбата ќе има и силна хуманитарна димензија, бидејќи целиот настан е организиран како поддршка за валандовчанецот Васко Ризов. На самиот влез од стадионот ќе биде поставена кутија за донации, каде што сите присутни ќе можат да придонесат според своите можности.

За Победа Валандово овој меч ќе послужи како проверка на формата во пресрет на продолжението од сезоната, во која клубот настапува како непоразен лидер во Трета лига – Исток и јасно ја најавува амбицијата за пласман во Втора лига.


Од другата страна, Кожуф ќе го искористи овој пријателски натпревар како можност за проверка на формата пред продолжението на сезоната, а каде тимот од Гевгелија цели кон директен опстанок односно да се избегне баражот за опстанок.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Величков ќе им суди на Шкендија и Брера, Стојанов оди во Струга, Пилешков главен во Кратово

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на трите воведни натпревари...

КупФудбал

Тиверија Брера со „петарда“ до втората Куп титула, Саса немоќна во финалето во Ѓорче Петров!

Тиверија Брера го освои вториот трофеј во Купот на Македонија, откако во...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со строги казни: суспензии за играчи и функционери, поведени повеќе постапки

Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија донесе повеќе казни и покрена...

Младински фудбалФудбал

Познати се финалистите во Купот на Македонија кај младинците и кадетите

Комплетирани се полуфиналните натпревари во Купот на Македонија во младинските категории, а...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!