ИнтернационалциФудбал

Големиот фудбалски талент Александар Грашески потпиша договор со Динамо Загреб

Сподели
Сподели

Македонскиот младински репрезентативец Александар Грашески направи голем чекор во својата фудбалска кариера, откако потпиша прв стипендиски договор со Динамо Загреб, еден од најтрофејните клубови во регионот.

Иако има само 17 години, Грашески веќе извесен период е дел од системот на загрепскиот клуб, а добрите настапи во младинските категории му ја донесоа и официјалната доверба од „модрите“. Тој е член на Динамо Загреб У19, со кого настапува во јуниорската лига, а договорот значи дека ќе продолжи да се развива во младинскиот погон на хрватскиот шампион.

Офанзивниот фудбалер во Хрватска се пресели минатиот февруари, кога од Њу Старс Скопје замина во екипата на Максимир, каде доби можност да настапува и во сениорска конкуренција во Третата лига. Тие настапи не останаа незабележани, па следеше повик од Динамо Загреб, чиј член официјално стана во август.


Во својата кариера, Грашески претходно беше дел и од младинската школа на Вардар, а важна улога има и во националниот тим. Тој ги има поминато сите младински селекции на Македонија до својата возраст и зад себе има повеќе од 30 настапи за репрезентациите до 15, 16 и 17 години. Во моментов е дел од У18 селекцијата, каде важи за еден од лидерите и капитените на генерацијата.

По периодот на рехабилитација од повреда, младиот креативец повторно е целосно подготвен за натпревари и со потписот со Динамо Загреб добива дополнителен мотив да го покаже својот потенцијал на највисоко ниво.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Величков ќе им суди на Шкендија и Брера, Стојанов оди во Струга, Пилешков главен во Кратово

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на трите воведни натпревари...

КупФудбал

Тиверија Брера со „петарда“ до втората Куп титула, Саса немоќна во финалето во Ѓорче Петров!

Тиверија Брера го освои вториот трофеј во Купот на Македонија, откако во...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со строги казни: суспензии за играчи и функционери, поведени повеќе постапки

Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија донесе повеќе казни и покрена...

Младински фудбалФудбал

Познати се финалистите во Купот на Македонија кај младинците и кадетите

Комплетирани се полуфиналните натпревари во Купот на Македонија во младинските категории, а...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!