ИнтернационалциФудбал

Горазд Михаилов ја продолжува кариерата во Литванија – шеф на стручниот штаб на Ритериаи

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Македонскиот фудбалски тренер Горазд Михаилов (51) доби нов интернационален ангажман и ќе ја води екипата на Ритериаи од Литванија, со што ја продолжува својата богата и разновидна тренерска кариера надвор од границите на Македонија.

Ритериаи се натпреварува во највисокото ниво на литванскиот фудбал, а минатата сезона ја завршија на деветтото место во конкуренција од десет екипи, по што преку бараж успеаја да го задржат прволигашкиот статус. Во Купот на Литванија тимот беше елиминиран уште во раната фаза, што јасно укажува на потребата од резултатска стабилизација и подигање на конкурентноста – задача што сега му припаѓа на македонскиот стратег.

Михаилов зад себе има исклучително богато искуство како главен тренер и асистент, како на домашната, така и на меѓународната сцена. Во Македонија остави значаен печат работејќи со клубови како Вардар, Силекс, Борец, Тетекс, Охрид, Пелистер, Брера, Беса и Напредок Кичево, при што бележеше и конкретни резултати – освојување на Купот на Македонија, пласмани во финалиња, влезови во Прва лига и спас од испаѓање преку бараж – последно кога Вардар успеа да го спаси од испаѓање во Втора лига совладувајќи го радовишки Детонит Плачковица на стадионот во Струмица.


На интернационален план, Михаилов работеше во повеќе фудбалски средини – беше дел од клубови во Исланд, Босна и Херцеговина, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, каде соработуваше и во стручни штабови со искусни тренери, стекнувајќи вредно меѓународно искуство. Поседува ПРО тренерска лиценца.

Ангажманот во Литванија претставува нов чекор и нов предизвик за Михаилов, кој ќе има задача да внесе јасна визија, дисциплина и резултатска стабилност во редовите на Ритериаи во претстојниот период.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во тимот е искусниот Боби Божиновски, кој ќе биде дел од стручниот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Кирил Изов го објави списокот на фудбалерки до 19 години за престојните два контролни натпревари со Косово

Женската репрезентација на Македонија до 19 години ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Косово. Двата меча се закажани за 10...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во...

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона,...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!