ФудбалЧетврта лига

Гостивар доби финансиска помош од општината и претстави пет фудбалери!

Сподели
ФОТО: ФК Гостивар
Сподели

Ланскиот прволигаш Гостивар е на добар пат да се врати во Трета лига, откако клубот кој сега се натпреварува во општинската лига е лидер на табелата.

Клубот доби финансиска поддршка од општината, за што клубот се заблагодари на поддршката која ја има од градот.

„Во име на Фудбалскиот клуб Гостивар, играчите, стручниот штаб и сите наши спортски поддржувачи, сакаме да ја изразиме нашата искрена благодарност за континуираната поддршка и, особено, за последната финансиска помош доделена на нашиот клуб. Во период исполнет со бројни предизвици за спортот, вашата помош е од суштинско значење и ни овозможува да го одржиме фудбалскиот клуб што го носи името на нашиот град. Поддршката од Општина Гостивар ни дава дополнителна сила и одговорност достоинствено да ги претставуваме боите на градот на секој натпревар. Убедени сме дека со ваков дух на соработка, заедничките успеси нема да изостанат. Ви благодариме за довербата и за тоа што секогаш сте покрај нас, со надеж дека вашата поддршка ќе продолжи и во иднина, за доброто на гостиварскиот спорт“, велат од клубот.

Клубот во своите редови врати пет свои поранешни фудбалери – се работи за Генц Гаши, Рони Синани, Зеќир Сефери, Горан Новаковски и Месут Шабан.


24-годишниот Гаши доаѓа од редовите на Тетекс, а во минатото покрај за „штофарите“ и Гостивар настапуваше и за Беса од Добри Дол и Шкендија. Синани, исто така има 24 години, а во Гостивар доаѓа од редовите на поранешниот прволигаш Беса, има настапувано и за Дрита, Вардар Форино и Шкендија.


Сефери кој има 27 години, исто така е повратник кој доаѓа од лидерот во Трета лига – Запад, Камјани, беше дел и од тетовски Ес и Сермнова. Меѓу поискусните е Новаковски, 34-годишникот кој во минатото долги години беше дел од Пролетер од Тумчевиште. Шабани е млад фудбалски талент кој потекнува од школата на Гостивар, а кој во март полни 16 години.

Во пролетниот дел тимот ќе цели кон потврда на првото место и враќање во Трета лига за следната сезона, а потоа сигурно е дека тимот ќе сака и враќање во Втора лига. Откако минатата сезона Гостивар се откажа од натпреварување беше префрлен од Прва лига во Општинската лига која е Четврт ранг по натпреварување во македонскиот фудбал.


Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!