Ракомет

РК Астибо од Штип врши упис на нови членови

Сподели
ФОТО: РК Астибо
Сподели

Ракометниот клуб Астибо од Штип врши упис на нови членови. Сите заинтересирани девојчиња кои имаат желба да започнат со ракомет, можат да се пријават кај тренерот Марија Анчева на телефонскиот број 078 310 547.

Дел од школата за ракомет на РК Астибо можат да станат сите девојчиња на возраст од 7 години па нагоре, а доколку има и помали девојчиња со желба да се занимаваат со ракомет, вратите на клубот се отворени и за нив.

Тренинзите се одржуваат во понеделник и среда од 18:30 часот, додека термините за петок и сабота се по договор. РК Астибо своите тренинзи и натпревари ги реализира во спортската сала при ООУ „Тошо Арсов“ во Штип.


Пионерската екипа на РК Астибо, која ја предводи искусната ракометарка Марија Анчева, бележи одлични резултати. Минатата сезона тимот беше дел од фајнл-форот, што е уште еден показател за квалитетната работа и развојот на оваа ракометна школа.

Воедно, сениорскиот тим на Астибо се натпреварува во Суперлигата, што за младите девојчиња претставува дополнителна мотивација – со посветена работа и дисциплина да го следат патот кон настап во сениорскиот тим, да заиграат во ракометната елита на Македонија и еден ден да го облечат и репрезентативниот дрес, а притоа да го следат патот до успехот на Марија Анчева.


Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона, се работи за 17-годишниот играч Јован Бојчев. Младиот фудбал потекнува од...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача од УЕФА. Двете ќе бидат дел од судиската екипа на натпреварот...

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!