Втора лигаФудбал

Артан Чилафи се раздели со Шкендија Арачиново по историскиот успех

Сподели
ФОТО: Илхан Османи
Сподели

По две сезони поминати во дресот на Шкендија Арачиново, Артан Чилафи официјално стави крај на соработката со клубот. Младиот фудбалер зад себе остава период кој ќе остане запишан во историјата на клубот, откако тимот успеа да избори пласман во Втората лига – успех кој долго ќе се памети во Арачиново.

Чилафи во своето обраќање до јавноста потенцираше дека одлуката за разделба доаѓа по две години исполнети со позитивни моменти и значајни резултати. Тој им се заблагодари на соиграчите, стручниот штаб, раководството и навивачите за поддршката и соработката, истакнувајќи дека пласманот во Втората лига е заеднички успех. Воедно, на клубот му посака многу среќа и чекор напред кон остварување на целта – настап во Првата лига.

22-годишниот фудбалер има богато искуство за својата возраст. Кариерата ја започна во Сарај, по што настапуваше за Македонија ЃП, Борец, Академија Илинден и Куманово. Токму од Куманово направи следен чекор во кариерата со трансферот во Шкендија Арачиново, каде што остави значаен белег и беше дел од генерацијата што обезбеди историски успех за клубот.


По разделбата со Шкендија Арачиново, останува да се види каде Чилафи ќе ја продолжи својата кариера, но јасно е дека зад себе остава позитивна трага и репутација на фудбалер кој знае да биде дел од победнички проекти.

Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона, се работи за 17-годишниот играч Јован Бојчев. Младиот фудбал потекнува од...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача од УЕФА. Двете ќе бидат дел од судиската екипа на натпреварот...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона,...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача...

Трета лигаФудбал

Кои екипи најмногу разочараа во Трета лига регион 3, еден тим е вистински хит

По четири одиграни кола во Трета лига регион 3 има неколку екипи...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!