Ракомет

ВИДЕО: Борозан официјално во Охрид – „гладијаторите“ добија силно име за домашните и европските битки

Сподели
Сподели

ГРК Охрид и официјално го потврди трансферот кој веќе неколку дена се најавуваше – црногорскиот лев бек Вуко Борозан е нов член на охридскиот суперлигаш. Со ова раководството на клубот уште еднаш испрати јасна порака дека амбициите не застануваат само на добрите резултати од есенскиот дел.

По разделбата со Младен Крсманчиќ и Теимураз Орјоникидзе, беше јасно дека Охрид бара квалитетно и искусно решение во бековската линија. Изборот падна на Борозан, ракометар кој зад себе има богато меѓународно искуство и добро го познава македонскиот ракомет, по настапите за Металург и Вардар.

Иако во изминатиот период се споменуваа повеќе можни дестинации за неговата кариера – од камбек во Црна Гора, преку Словенија, па сè до Блискиот Исток – Борозан реши да остане во Македонија и да го облече дресот на „гладијаторите“. Договорот е до крајот на актуелната сезона, а се очекува тој веднаш да се вклучи во ротацијата на тренерот Борис Ројевиќ.

Охрид добива ракометар со силен шут, физичка доминација и искуство од највисоко ниво, што ќе биде од голема важност и во Суперлигата, но и на европската сцена. Клубот го очекуваат нови предизвици во Купот на ЕХФ, каде што охриѓани ќе се соочат со чешка Дукла Прага.

Со ангажманот на Борозан, Охрид уште еднаш покажува дека проектот се гради со јасна визија и желба за чекор напред – како во домашното првенство, така и во Европа.


Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракомет

Астибо до голема победа над Струга на крилата на Анастасија Богоевска, Ева Манева и Ана Марија Накова

Астибо предводен од Габриела Величковска стигна до својата трета сезонска победа откако...

Ракомет

(ВИДЕО) Седум од седум! Пионерите на Младост го освоија Скопје, падна и Алкалоид – богданчани незапирливи!

Пионерите на Младост од Богданци продолжуваат со импресивните настапи во новата сезона....

Ракомет

Ракометен празник во Богданци: Легендарната „Млаз“ ќе ги пречека младите ракометни надежи на турнирот У13 – Исток!

Богданци повторно ќе биде во центарот на ракометните случувања, овојпат со најмладите...

Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!