Останато

МОК го претстави македонскиот тим за Зимските олимписки игри 2026

Сподели
ФОТО: МОК
Сподели

Македонскиот олимписки комитет денеска на прес-конференција официјално го претстави македонскиот олимписки тим кој ќе ги брани боите на нашата држава на претстојните Зимски олимписки игри во Милано – Кортина (6–22 февруари). Овој настап има историско значење за македонскиот спорт, бидејќи за првпат Македонија ќе биде претставена со четворица олимпијци, сите со остварена квота.

ФОТО: МОК

Македонскиот тим кој ќе настапи во Италија е составен од врвни спортисти во своите дисциплини. Јана Атанасовска, најмладата натпреварувачка и рекордерка во алпско скијање, ќе се натпреварува во слалом и велеслалом. Виктор Петков ќе настапи во алпските дисциплини слалом и велеслалом. Ставре Јада, како најискусен член и учесник на својата трета Олимпијада, ќе се бори во нордиските трки спринт и 10 км интервал старт, додека Ана Цветановска, по настапот на Олимписките игри во Пекинг, ќе ја претставува Македонија исто така во нордиските дисциплини спринт и 10 км интервал старт.

Спортистите истакнаа дека исполнувањето на олимписката норма е резултат на долгогодишна посветеност, големи жртви и илјадници километри поминати на тренинзи во тешки услови. Тие упатија благодарност до МОК за поддршката и логистиката во текот на подготовките, нагласувајќи дека токму тоа им овозможило целосно да се фокусираат на спортските цели. Со оптимизам порачаа дека се подготвени да го дадат максимумот на патеките во Италија, нагласувајќи дека учеството на Олимписките игри е исполнување на „детскиот сон“, но и огромна одговорност да ја направат Македонија горда.

Претседателот на МОК, Даниел Димевски, изрази задоволство од остварениот успех и од новите партнерства што ги обезбедува комитетот:

„Стојам гордо пред вас бидејќи за прв пат настапуваме со четворица спортисти со А-норма. Ова е плод на работата на Скијачката федерација и олимпискиот систем кој го градиме. Особено ми е мило што на овој пат ни се приклучија и нови спонзори и партнери, што ја потврдува довербата во овој тим. Обезбедивме комплетна зимска опрема од ‘JOMA’, а за здравјето ќе се грижи болницата ‘Вита-Ес’. Иако сме јужна земја, а не скијачка велесила, нашите олимпијци по квалитет се посилни од целиот регион околу нас. Обезбедивме врвни услови и силна логистика на сите полиња за да се претставиме во најдобро светло.“

Делегацијата ќе биде сместена во неколку олимписки села, со цел спортистите да бидат поблиску до патеките. За организацијата и логистиката ќе се грижат шефот на мисијата Цветанка Макаровски и нејзиниот заменик Петар Спасеновски.

Распоредот за настап на нордијците е на 10, 12 и 13 февруари, додека алпските дисциплини ќе се одржат на 14, 15 и 18 февруари.

Настапите на македонските олимпијци ќе се пренесуваат на Македонската радио телевизија (МРТ), во рамки на специјализираното студио за ЗОИ 2026.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Виши: Ќе го дадеме максимумот и ќе се бориме до самиот крај

Иако некогаш овој дуел се сметаше за големо градско дерби, оваа сезона ситуацијата на теренот е сосема поинаква, па претстојниот натпревар повеќе наликува...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Седум натпревари од 25. коло на Втора лига

Со седум натпревари денес ќе биде отворено 25. коло на Втората македонска фудбалска лига, а ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Поврзани написи
Останато

Работнички го „збриша“ штипски Младост УГД со максимален ефект, Наковски Волеј ја доби Јанта Волеј

Стартуваше полуфиналната борба за шампионската титула во Првата одбојкарска лига на Македонија...

Останато

Ѓорческа елиминирана во Порторож, Завацка убедлива во два сета

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на ИТФ турнирот во Порторож,...

Останати репрезентацииОстанато

Контроли со Косово пред Европската лига: Новиот селектор Гавриловиќ ја закажа прозивката

Женската сениорска репрезентација на Македонија ќе одигра два пријателски натпревари со селекцијата...

Останато

Штип УГД го „збриша“ ГОК Борец – „четата“ на Кристиан Ристески блиску до голема историја!

Одбојкарите на Штип УГД со убедлива победа од 3-0 во сетови над...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!