Втора лигаФудбал

„Пукна бомба“ во Арачиново: Николче Шаркоски во дресот на Шкендија

Сподели
ФОТО: ФК Шкендија Арачиново
Сподели

Фудбалскиот клуб Шкендија Арачиново реализираше звучно засилување во пресрет на продолжението од сезоната. Искусниот фудбалер Николче Шаркоски е нов член во тимот од Арачиново, откако клубот постигна договор со 31-годишниот прилепчанец кој доаѓа од редовите на второлигашот Кожуф.

Шаркоски зад себе има богата и респектабилна кариера во македонскиот фудбал. Настапуваше во Првата лига за етаблирани клубови како Вардар, Работнички, АП Брера Струмица, Воска Спорт од Охрид и Победа од Прилеп, како и за 11-ти Октомври. Во последната сезона беше дел од Кожуф, каде што се истакна со стабилни настапи и професионален однос.

Особено значаен момент во неговата кариера е минатата сезона, кога со Вардар ја освои Куп-титулата на Македонија, што дополнително ја потврдува неговата вредност и искуство на највисоко ниво.

Во елитата на македонскиот фудбал, Шаркоски има одиграно вкупно 208 натпревари, при што постигнал 26 погодоци и забележал 21 асистенција – бројки кои зборуваат за неговиот континуитет и придонес во играта.

Ангажманот на Николче Шаркоски се оценува како голем чекор напред за Шкендија Арачиново, како во натпреварувачки аспект, така и во организацијата и стабилноста на тимот на теренот.

Со неговото искуство и квалитет, клубот добива фудбалер кој знае што значи играње под притисок и борба за резултат.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Турнири

OHRID WOMEN’S CUP со отворена можност за секое девојче – не е потребно да биде дел од клуб!

Охрид на 5 и 6 септември ќе биде домаќин на првото издание на OHRID WOMEN’S CUP, нов меѓународен турнир во женски фудбал, кој...

Ракомет

ФОТО: Сигурна победа за Тримо Требње над Нексе Нашице на турнирот во Охрид

Тримо Требње со триумф на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид откако го доби Нексе Нашице со резултат со 26:21. Словенечкиот тим до...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Турчинката Селин Туркоглу го засили поранешниот шампион на Македонија – големо засилување за Каменица Саса

Поранешниот шампион на Македонија, Каменица Саса, продолжува да го гради тимот за...

Прва лигаФудбал

Башкими се засили со младиот Стефан Ристовски и Фати Исмаили

Прволигашот Башкими ангажираше две нови засилувања за продолжението од сезоната, по лошиот...

Трета лигаФудбал

Паунов: Амбициите на Каменица Саса се јасни – враќање во Втора лига, атмосферата е одлична!

Искусниот Драган Паунов по вторпат во кариерата ќе го носи дресот на...

Фудбал

ФФМ ја повлече поддршката за Инфантино за нов мандат на чело на ФИФА!

По состанокот на претседателите на членките на УЕФА со претседателот и Извршниот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!