Трета лигаФудбал

ФК Тиверија со нов тренер го стартува пролетниот дел – Каракашев ја презема клупата

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането преземање без претходна писмена согласност!
Сподели

Фудбалскиот клуб Тиверија од Струмица со нов тренер ќе ги започне подготовките пред стартот на пролетниот дел од сезоната во Трета лига – Исток. Стартот на тренинзите е закажан за понеделник, 9 февруари, кога екипата ќе влезе во подготовките со јасна цел – подобар пласман во продолжението од првенството.

На седница на Управниот одбор на клубот, на предлог на претседателот Александар Митев, за нов шеф на стручниот штаб е назначен Петар Каракашев.

Тој доаѓа од редовите на ФК Беласица, каде што работи како тренер во младинските категории, а неговото назначување е дел од пошироката соработка меѓу двата струмички клуба.

ФК Тиверија и ФК Беласица имаат одлична меѓусебна соработка, која во наредниот период дополнително ќе се продлабочува. Преку отстапување на млади фудбалери, пред сè од Струмичкиот регион, Тиверија ќе им овозможи минутажа и вредно искуство во сениорска конкуренција.

Тренинзите на првиот тим ќе се одржуваат во Струмица, на фудбалскиот терен со вештачка трева „Филип Лазаревски“, каде што Каракашев и неговите соработници ќе го подготвуваат тимот за предизвиците што следуваат.

Тиверија есенскиот дел од сезоната во Трета лига – Исток го заврши на осмото место со освоени десет бодови, а во пролетниот дел клубот ќе атакува на што повисок пласман и подобри резултати.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!