ОстанатоПрва лигаФудбал

Мартин Алаѓозовски најдобар тренер во младинска категорија – екипен спорт во Струмица за 2025

Сподели
Сподели

Тренерот Мартин Алаѓозовски од ФК Академија Пандев Брера Струмица е избран за најдобар тренер во младинска категорија на синоќешното 63-то издание на традиционалната манифестација на која се избраа најдобрите спортисти, тренери и спортски екипи за 2025 година, за што веќе објави Спортска Мрежа.

Ова признание е претставува потврда за неговата посветена и континуирана работа со младите фудбалери. По добиеното признание испрати благодарност за поддршката и довербата, што за него се силен мотив за во иднина.

„Сакам да упатам искрена благодарност до ФК АП Брера, Сојузот на училишен спорт и Општина Струмица за укажаното признание. Оваа поддршка и доверба претставуваат силен мотив за понатамошна посветеност и развој на младите спортисти“, рече Алаѓозовски.

Младиот стратег сега го води првиот тим на Брера Струмица во Првата македонска фудбалска лига и зад себе има солидни резултати во есенскиот дел. Тимот ја темпира формата во Грција за продолжението од шампионатот.


Признанието за младинска категорија и довербата со сениорскиот тим се јасен сигнал дека клубот во Алаѓозовски гледа тренер со визија и капацитет за долгорочен развој.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

ТФТ го засили тимот со еден од најголемите македонски таленти

Кошаркарскиот клуб ТФТ Скопје продолжува со градењето на ростерот за сезоната 2026/27, а најновото засилување е еден од најперспективните македонски кошаркари – Ѓорѓи...

Кошарка

Си-Џеј Вилсон повторно се врати во КК Пелистер

КК Пелистер го враќа Си-Џеј Вилсон во своите редови. Американскиот плејмејкер, кој има 32 години, минатата сезона настапуваше за битолскиот прволигаш, а по...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Дориев не запира: Уште еден гол и нова победа за Согдиана!

Македонскиот интернационалец Љупче Дориев продолжува да игра во извонредна голгетерска форма во...

Останато

ОФМ ги подготвува судиите за новата сезона, отворен повик за нови судиски кадри

Судиската организација при Одбојкарската федерација на Македонија започна со подготовките за новата...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Марија Бојкова се врати во ЖФК Кочани

Прволигашот Кочани кој минатата сезона преку бараж избори опстанок се засили со...

Трета лигаФудбал

ФОТО: Избран новиот Управен одбор на Трета лига регион 4 – седиштето ќе биде во Прилеп

Денес во Кавадарци беше избран новиот Управен одбор за Трета лига регион...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!