Трета лигаФудбал

Третолигашот БВК Коњаре се засили со Ристовски и Стојановски!

Сподели
Сподели

Третолигашот БВК Коњаре за пролетниот дел од сезоната ги промовираше Кристијан Ристовски и Леонид Стојановски со кои треба да се зголеми конкуренцијата во сопствените редови.

29-годишниот Ристовски претходно беше дел од второлигашот Осогово од Кочани, Слога Виница, Скопје, Кадино, Тетекс, Гостивар, Илинден и Металург од каде и ја започна кариерата.

Ристовски всушност е повратник во редовите на БВК Коњаре, бидејќи во период од јули 2022 до јануари 2024 настапуваше за овој клуб.

Стојановски, кој пак има 23-години пристигна од Аеродром, беше дел од Скопје, Кожуф, Маџари Солидарност, Македонија ЃП и Металург, а шест месеци настапуваше во Малта.


Според информациите на Спортска Мрежа клубот треба да го засилат уште двајца фудбалери.

БВК Коњаре презимува на второто место на табелата во Трета лига – Север со 32 бодови, пет помалку од лидерот Еуромилк ГЛ и во пролетниот дел БВК Коњаре ќе се обиде да стигне до челната позиција која води кон баражот за Втора лига.


Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Беласица утре ги „пали моторите“ под водство на Мартин Алаѓозовски

Новиот шеф на стручниот штаб на Беласица, Мартин Алаѓозовски за утре (8 јули) ја закажа прозивката, со што струмичкиот второлигаш ќе ги „запали...

Останато

Јован Стојоски со национален рекорд, АК 7ми Мај најуспешен на Државното првенство во атлетика

Националното првенство на Македонија за сениори и сениорки, кое се одржа на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, донесе два дена исполнети со...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Беласица утре ги „пали моторите“ под водство на Мартин Алаѓозовски

Новиот шеф на стручниот штаб на Беласица, Мартин Алаѓозовски за утре (8...

Прва лигаФудбал

Аљбан Мемеди се раздели со Брегалница, ќе бара нова средина за продолжување на кариерата

22-годишниот централен напаѓач Аљбан Мемеди се раздели со штипска Брегалница, а со...

Трета лигаФудбал

Третолигашот Ржаничино ја продолжи соработката со Калач, Здравковски и Тасевски

Третолигашот Ржаничино активно работи на ростерот за следната сезона, откако овој скопски...

Прва лигаФудбал

ФОТО: Тиквеш утре го има првиот предизвик во Турција – ривал е рускиот суперлигаш Балтика

Тиквеш влегува во главниот дел од подготовките во Турција, каде во наредниот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!