Останато

Семинар на МТТФ како вовед во државното првенство во традиционално таеквон-до

Сподели
ФОТО: Македонска Традиционална Таеквон-до Федерација
Сподели

На 25 јануари 2026 година, под водство на националниот тренер Саша Поповски и претседателот на Македонската традиционална таеквондо федерација (МТТФ), Марјанчо Лазарески, беше одржан стручeн семинар за натпреварувачи, тренери и судии.

Семинарот имаше за цел унапредување на техничката подготвеност, размена на знаења и искуства, како и подигнување на натпреварувачките и судиските стандарди, со што директно се работи на подигање на севкупното ниво на традиционалното таеквон-до во Македонија.

На настанот учество зедоа членови од повеќе таеквон-до клубови: „Хва-Ранг“ од Лескоец/Охрид, „Мастер“ од Охрид, „Ге-Бек“ од Ресен, „Сонкал“ од Мислешово и „Чон-Џи“ од Косел, што уште еднаш ја потврди широчината и активноста на федерацијата на национално ниво.

Со реализацијата на овој семинар, МТТФ официјално ги започна подготовките и најави одржување на државното првенство во традиционално таеквон-до, кое е закажано за месец март.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во тимот е искусниот Боби Божиновски, кој ќе биде дел од стручниот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Кирил Изов го објави списокот на фудбалерки до 19 години за престојните два контролни натпревари со Косово

Женската репрезентација на Македонија до 19 години ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Косово. Двата меча се закажани за 10...

Поврзани написи
Останато

ФОТО: Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија, откако славеше убедливо над Вардар ЕМ

Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија откако славеше...

Останато

Работнички и Вардар ЕМ за првиот „Чајка“ Супер куп трофеј

Актуелниот шампион Работнички Скопје и освојувачот на Купот на ОФМ за 2026...

Останато

Шампионот УГД Штип и Борец за првиот Супер куп трофеј

„Бранко Хаџииљоски – Чајка“ Супер купот денеска ќе обедини два значајни моменти...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!