Прва лигаФудбал

Прволигашот Арсими доби шест милиони денари од општина Гостивар

Сподели
ФОТО: ФК Арсими
Сподели

Фудбалскиот клуб Арсими доби значајна и досега најголема институционална поддршка, откако Советот на Општина Гостивар на својата седница го изгласа буџетот за финансиска поддршка за клубот во износ од 6.000.000 денари за тековната година.

Од клубот истакнаа дека одлуката има посебна тежина, бидејќи беше донесена со 23 гласа „за“, од советници од сите заедници и етнички припадности во општината, што, според нив, претставува јасен показател за единство, консензус и широка поддршка за спортот и за претставувањето на Гостивар на највисоко натпреварувачко ниво.

Раководството на Арсими изрази искрена благодарност до општина Гостивар, до градоначалникот Валбон Лимани, претседателот на Советот Валдет Џафери, како и до сите советници, со посебен акцент на советниците од селото, за коректната соработка и континуираната поддршка, оценувајќи ја одлуката како историска за клубот.


Добиените средства ќе бидат насочени кон понатамошен развој на клубот, зајакнување на првиот тим, како и за унапредување на работата на клупската академија, во која се вклучени стотици деца и млади од Гостивар и околните населени места.

Арсими, презимува на петтата позиција на табелата со 22 освоени бода и солидна бодовна предност во однос на екипите од опасната зона, со оваа поддршка добива стабилна основа за понатамошен спортски и организациски напредок.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Фатмир Бафто ќе го суди дербито меѓу Влазерими и Караорман, Владимир Ѓорѓиевски главен на средбата меѓу Крошу Спорт и Могила

Викендот се играат мечевите од 9. коло на Трета лига регион 5, а кое коло се отвара утре со мечот меѓу Напредок и...

Кошарка

(ВИДЕО) 30 години од историската победа на МЗТ Скопје над Реал Мадрид – вечерта кога „Лименката“ го сруши шпанскиот гигант!

На денешен ден, 6 ноември, пред точно 30 години, македонската кошарка испиша една од своите најславни страници. МЗТ Скопје Аеродром во незаборавна атмосфера...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!