Прва женска фудбалска лигаФудбал

Две екипи во тешка трка за опстанок во Првата женска фудбалска лига!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането преземање без претходна писмена согласност!
Сподели

Во пролетниот дел од Првата женска фудбалска лига борбата за опстанок ќе се сведува на две екипи кои се најмногу загрозени да го задржат прволигашкиот статус и за сезона 2026/2027.

Кочани и битолски Топ Гол се двете најзагрозени екипи за опстанок во фудбалскта елита во женска конкуренција. Двете екипи есенскиот дел го завршија со идентичен ефект од една победа, едно реми и дури 12 порази, па со по четири освоени бодови се на дното од табелата.

Двете екипи ќе се „тркаат“ најпрво да го избегнат последното десетто место кое директно води кон испаѓање во Втора лига, а притоа да се освои деветтото место кое преку бараж води кон опстанок во Прва лига.

Конкурентите во таа трка за опстанок Вардар и Речица веќе посериозно градат тимот и имаат подготовки и ќе целат кон математички обезбеден опстанок што е можно порано.


Вардар кој е дебитант веќе промовираше неколку засилувања за што објави Спортска Мрежа и со тоа има значително поголем квалитет, па не би имало проблем потврда за опстанок. Вардар е осми со осум бодови, а пак Речица е седма со десет бодови и сериозна бодовна залиха.

За Топ Гол тежок удар е заминувањето на три фудбалерки кои беа алката на тимот од Битола, а тие преминаа во редовите на Вардар – се работи за голманката Натали Талевска, Михаела Марковска и Ивана Милевска, за што веќе информираше Спортска Мрежа.

Засега и Топ Гол и Кочани се во „зимски сон“ и нема ништо конкретно официјално објавено околу подготовки, пријателски натпревари и засилувања.

Дали Кочани како повратник во елитата експресно ќе се врати во Втора лига или пак Топ Гол ќе го напушти прволигашкото друштво и ќе се пресели ранг подолу ќе видиме во пролетниот дел. Но, едно е сигурно, ако евентуално Топ Гол испадна од Првата лига, битолчани и во следната сезона ќе гледаат прволигашки фудбал во женска конкуренција, бидејќи поранешниот прволигаш Конзули е непоразен лидер во Втората женска фудбалска лига и сигурно се враќа во Прва лига.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

Новата сезона во ОФЛ Струмица стартува во недела, ќе се натпреваруваат 14 екипи

Со 14 екипи во недела ќе започне новата сезона 2026/27 во Општинската фудбалска лига – Струмица. Ждрепката е закажана за утре, кога ќе...

Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во тимот е искусниот Боби Божиновски, кој ќе биде дел од стручниот...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

Новата сезона во ОФЛ Струмица стартува во недела, ќе се натпреваруваат 14 екипи

Со 14 екипи во недела ќе започне новата сезона 2026/27 во Општинската...

Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во...

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона,...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!