Европско првенство 2026Прва лига

Данска демонстрира сила против Норвешка, Шведска убедлива но без полуфинале

Сподели
ФОТО: Принтскрин
Сподели

Ракометната репрезентација на Данска со моќна партија ја затвори главната фаза на Европското првенство, откако пред домашната публика во Хернинг убедливо ја совлада Норвешка со 38-24 и од првото место во групата обезбеди пласман во полуфиналето. Данците уште еднаш покажаа зошто важат за еден од главните фаворити за европското злато.

Иако Норвешка парираше во првото полувреме и на паузата заостануваше со прифатливи 19-16, продолжението мина целосно во знакот на избраниците на Јакобсен. Со агресивна одбрана и брз напад, Данска направи серија со која целосно го скрши отпорот на ривалот и дојде до убедлива двоцифрена победа. Гидсел и Јакобсен беа најефикасни со по седум погодоци, додека голманите Нилсен и Милер имаа значаен придонес со вкупно 14 одбрани. Кај Норвешка, најефикасни беа Педерсен и Грондал.

Со овој триумф Данска ја заврши групата со осум бодови, исто колку и Германија, но поради подобриот меѓусебен скор го освои првото место и закажа полуфинален дуел со Исланд.

Во вториот натпревар, Шведска со убедлив настап ја совлада Швајцарија со 34-21 и со победа ја заврши главната рунда, но триумфот немаше полуфинална тежина. „Трите круни“ лошо го отворија мечот и во првиот дел имаа негатива од четири гола, но финишираа со серија без примен погодок и на паузата заминаа со предност.


Во второто полувреме Швеѓаните целосно доминираа, го кренаа темпото и ја наполнија мрежата на Швајцарија, стигнувајќи и до двоцифрена разлика. Ерик Јохансон беше прв стрелец кај победникот, додека кај Швајцарците се истакна Лени Рубин.

И покрај убедливата победа, Шведска со седум бодови остана зад Исланд поради послаб меѓусебен дуел и ќе мора да се задоволи со борба за петтото место на Европското првенство.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Седум гола во пет меча, а две промени на табелата во 13. коло на Првата лига

Струга Трим Лум го презеде врвот, а Шкендија Арачиново го прескокна Силекс...

Прва лигаФудбал

Шкендија Арачиново со голем скок на табелата – Елези и Демири го урнаа Арсими за петтото место!

Шкендија Арачиново продолжува да освојува важни бодови во Првата македонска фудбалска лига....

Прва лигаФудбал

Брегалница се врати од негатива во Куманово – штипјани со важен бод против Башкими!

Брегалница освои значаен бод на гостувањето во Куманово, откако одигра нерешено 1:1...

Прва лигаФудбал

Вардар го слави Закариќ, шампионот има минус пет од врвот

Вардар освои големи три бода на тешкото гостување во Кратово кај Силекс,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!