ИнтернационалциФудбал

Стратегот Емил Грнев ќе води клуб во Малта со Борче Постолов – има и македонски фудбалери!

Сподели
Сподели

Искусниот стратег Емил Грнев кариерата ја продолжува во Малта, каде ќе го води клубот Санта Луција, а со него на островот доаѓа и Борче Постолов кој ќе биде дел од стручниот штаб како прв асистент.

Штипските тренери ќе соработуваат и со Португалецот, Рубен Круз кој е одличен аналитичар и ќе работи во стручниот штаб на Грнев.

Грнев последно работеше како шеф на стручниот штаб на Слога Виница, а 42-годишниот стратег во минатото ги водеше Кит Го од Пехчево како и Брегалница од Штип.

Во клубот од Малта настапува напаѓачот Филип Петковски, со кој Грнев соработуваше во Слога Виница, тука е и стоперот Андреј Кировски, кој заедно со Петковски настапуваше во Гостивар. Во тимот на Грнев има уште еден поранешен играч на Гостивар, Масаки Тахакара.


Новиот тим на Грнев се наоѓа на 11. место на табелата во Втората лига на Малта, а пролетниот дел во шампионатот започнува на почетокот од месец февруари односно следниот викенд кога Санта Луција на домашен терен ќе се соочи со третопласираниот тим Мелита.

Ова ќе биде ново искуство и нов предизвик во кариерите на Грнев и Постолов кој ќе работат на островот.


Овој клуб го презедоа старите турски газди од Гостивар, а веќе во истиот доаѓаат доста добро познати имиња од македонскиот фудбал.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Штип УГД испиша нова историја: Освоен „Чајка“ Супер купот откако штипјани го „прегазија“ ГОК Борец

Штип УГД е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија во машка конкуренција, откако освојувачот на двојната круна од ланската сезона со убедливи...

Втора лигаФудбал

Второлигашот Кожуф го промовираше новиот тренер

Второлигашот Кожуф го промовираше Вангел Алтипармаковски за нов шеф на стручниот штаб. Алтипармаковски ќе го преземе сениорскиот тим и ќе го предводи гевгелискиот...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Второлигашот Кожуф го промовираше новиот тренер

Второлигашот Кожуф го промовираше Вангел Алтипармаковски за нов шеф на стручниот штаб....

ФудбалФутсал

Македонскиот футсал шампион го промовираше Насаф Шабанов

Екипата на Проект од Јосифово за сезона 2026/2027 ќе биде посилна со...

Младински фудбалФудбал

ФОТО: Детска недела со Брера: Околу 100 дечиња уживаа во спортска дружба во Струмица

По повод Детската недела, ФК АП Брера Струмица и ЖФК Тиверија Брера...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!