Прва лигаФудбал

Арсими со нови засилувања: Абдула ја засилува одбраната, Бајо пристигнува како адут во нападот

Сподели
ФОТО: ФК Арсими
Сподели

Дебитантот во Првата македонска фудбалска лига, екипата на Арсими, сериозно ја засилува конкуренцијата во пресрет на пролетниот дел од сезоната. Клубот официјално ги претстави двете нови имиња во ростерот – искусниот дефанзивец Џелил Абдула и напаѓачот од Уганда, Фахад Бајо.

Во дефанзивната линија пристигнува 34-годишниот Џелил Абдула, фудбалер со богато домашно и меѓународно искуство, кој во Арсими доаѓа од редовите на Македонија Ѓорче Петров. Во својата кариера има настапувано за Шкендија, Еуромилк ГЛ, Ренова, Шкупи, Гостивар и Македонија ЃП, а дел од фудбалскиот пат го мина и надвор од Македонија, настапувајќи за Де Графсхап од Холандија, МСВ Дуизбург од Германија и Љапи од Косово. Абдула зад себе има и шампионска титула – во сезоната 2010/2011 беше дел од генерацијата на Шкендија што го освои шампионатот на Македонија.

Од клубот веруваат дека неговото искуство и стабилност ќе бидат од клучно значење во продолжението на сезоната.


Во офанзивниот дел, Арсими се засили со Фахад Бајо, 27-годишен напаѓач и репрезентативец на Уганда, кој пристигнува на шестмесечна позајмица од Вардар. Бајо има 25 настапи и шест погодоци за националниот тим на Уганда, а зад себе има интернационална кариера во повеќе шампионати. Настапувал за Пролајн и Вајперс во Уганда, Билдкон од Занзибар, израелските Ашдод и Бнеи Сахнин, потоа за МФК Вишков од Чешка, како и за Волвало Адеграт од Етиопија.


Од Арсими очекуваат неговата физичка моќ, искуство и голгетерски инстинкт да донесат директен импакт во нападот.

Арсими ја живее својата прволигашка премиера оваа сезона и по есенскиот дел пријатно изненади, завршувајќи на високото петто место на табелата. Пролетниот дел од шампионатот за тимот од Чегране започнува со голем предизвик – гостување кај Вардар, клубот од кој доаѓа едно од новите засилувања.

Со Абдула и Бајо во ростерот, Арсими испраќа јасна порака дека амбициите за стабилна и успешна сезона во елитата остануваат високи.


Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!