Втора лигаФудбал

Костадин Капсаров е ново засилување на Брегалница

Сподели
Сподели

Фудбалскиот клуб Брегалница официјално го промовираше Костадин Капсаров како најново име во своите редови.

Дваесетгодишниот фудбалер доаѓа од екипата на Беласица и ќе ја засили конкуренцијата во офанзивната линија на штипскиот второлигаш.

Капсаров настапува на крилната позиција, се служи одлично со двете нозе, а како посилна му е левата. Роден е во мај 2005 година, а својата фудбалска кариера ја започна во Кожуф, каде што настапуваше до август 2020 година. Потоа беше дел од Брера Струмица, радовишки Детонит Плачковица, како и Беласица, за која играше во два наврати, од јули 2023 до февруари 2025 година. Во есенскиот дел од актуелната сезона повторно го носеше дресот на струмичкиот клуб, пред да се одлучи за нов предизвик во Брегалница.

Претходно, Брегалница се засили и со Бојан Рајков и Јорданчо Наумоски, јасно најавувајќи амбициозен пристап во продолжението на сезоната.

Во пролетниот дел од шампионатот, штипјани ќе стартуваат од третата позиција на табелата и ќе водат жестока битка за пласман во Првата лига. Првиот пролетен предизвик за Брегалница е гостувањето кај Кожуф во Гевгелија.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

ОФС Кавадарци со поддршка за новоформираниот фудбалски клуб Академија Мојсов

Општинскиот фудбалски сојуз Кавадарци со поддршка за новоформираниот фудбалски клуб Академија Мојсов во Кавадарци. Претседателот Сашко Тасев му посака успешна работа на ФК...

ФудбалЧетврта лига

ОФС Кичево ги повикува заинтересираните екипи за учество во Општинската лига 2026/2027

Општинскиот фудбалски сојуз Кичево ги повикува сите заинтересирани екипи кои сакаат да се натпреваруваат во Општинската фудбалска лига во Кичево за сезона 2026/2027...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

ОФС Кавадарци со поддршка за новоформираниот фудбалски клуб Академија Мојсов

Општинскиот фудбалски сојуз Кавадарци со поддршка за новоформираниот фудбалски клуб Академија Мојсов...

ФудбалЧетврта лига

ОФС Кичево ги повикува заинтересираните екипи за учество во Општинската лига 2026/2027

Општинскиот фудбалски сојуз Кичево ги повикува сите заинтересирани екипи кои сакаат да...

КупФудбал

КУП: Вардар против Овче Поле, Тетекс со Брегалница, Осогово против Беласица

Утврден е распоредот и натпреварувачките парови од 1/16-финалето на Купот на Македонија за сезоната...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!