Кошарка

Херд доминираше, Баскет Кам осамен лидер – најдобрите во 10. коло

Сподели
ФОТО: Принтскрин
Сподели

Десеттиот круг од натпреварите во „Шпаркасе Лајф“ Првата лига, донесе и промена на врвот на табелата. По победата на Баскет кам во дерби дуелот со екипата на Крива Паланка, сега бранителот на титулата е на првата стартна позиција, од која се „симна“ екипата на Вардар која беше поразена на гостувањето кај МЗТ Бела вода.

АМАРИ ХЕРД (МЗТ БЕЛА ВОДА)

Помалку и изненадувачки висока победа забележаа во дуелот со Вардар, една од водечките екипи во лигата. Во голема мерка и поради нејзиниот индивидуален ефект.

Ги одигра сите 40.минути, реализираше двоен ефект, изразен преку реализација на 23.поени (11/16 во обидите за два поени и1/2 за еден). Имаше и 13 скока (шест во фазата на нападот), но и четири освоени топки, три асистенции и три загубени топки. Тоа и донесе 35. индексни поени, најмногу во првото коло одиграно во 2026 година.

МАРИЈА НИКОЛОВ (БАДЕЛ 1862)

Одлично издание имаше на дуелот против екипата на Спорт тим. На гостувањето во Неготино, застана на 28.поени. Добро шутираше за два поени (9/16), одлично од линијата за слободни фрлања (10/12). На поентерскиот ефект додаде уште и осум успешни додавања, а за 36.минути поминати во игра, запиша и два скока, и дури девет освоени топки и само една загубена, што прави индекс 32.

ТЕА ТРАЈКОВСКА (ВАРДАР)

Се поголема улога има една од најмладите кошаркарки во екипата на Вардар. И на средбата со МЗТ Бела вода го покажа сиот свој потенцијал. Оствари двоен ефект, односно реализираше 10.поени (4/8 во шутот за два поени и 2/4 од линијата за слободни фрлања), но имаше и помалку неверојатни, 20.скока од кои седум офанзивни. Додаде и четири освоени топки, три асистенции, две блокади и само една загубена топка за 36:20 минути во игра, односно 31.индексен поен.


САЊА АДАМОВСКА (БАСКЕТ КАМ)

Уште едно ол-раунд издание на искусниот бек на екипата на Баскет кам. Кога е најпотребно, Адамовска игра најдобро, видливо и низ резултатите на екипата од Македонска Каменица.

Последниот е веројатно и најважниот, во победата против директниот конкурент за првото место, испорача дабл-дабл скор. Имаше 15.поени (2/6 за три, 4/7 за два и 1/2 за еден поен), 11.скока, но и шест скока, три „украдени“ топки за 39:33 минути, односно индекс 27.

МИЛИЦА ЈОВАНОВИЌ (ПРОБАСКЕТ)

На средбата со екипата на Патриот 2016, на теренот остана 31:51 минута, притоа реализираше 24.поени. Ги погоди сите пет обиди вредни по три поени, имаше и 5/6 од линијата за слободни фрлања. На тоа додаде и 11.скока, три асистенции. Ќе имаше и повеќе од 26.индексни поени, да не беа оние осум загубени топки.


  • ПРВА ПЕТОРКА

Амари Херд (МЗТ бела вода)

Марија Николов (Бадел 1862)

Теа Трајковска (Вардар)

Сања Адамоовска (Баскет кам)

Милица Јовановиќ (Пробаскет)

  • ВТОРА ПЕТОРКА

Ивана Кметовска (Баскет кам)

Сара Петровска (Пробаскет)

Корли Кристал (МЗТ Бела вода)

Јована Петрушевска (Бадел 1862)

Кристал Томас (Пробаскет)


Сподели

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во тимот е искусниот Боби Божиновски, кој ќе биде дел од стручниот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Кирил Изов го објави списокот на фудбалерки до 19 години за престојните два контролни натпревари со Косово

Женската репрезентација на Македонија до 19 години ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Косово. Двата меча се закажани за 10...

Поврзани написи
Кошарка

Тиквеш убедлив против дебитантот Штип, МЗТ Скопје пак го доби Куманово, победи за Работнички, Кожув и Пелистер

Пет натпревари, пет различни приказни, но заеднички епилог – МЗТ Скопје Аеродром,...

Кошарка

(ФОТО) Историски трофеј за Крива Паланка: Шампионките го освоија Суперкупот со 63:51 против Баскет Кам

Крива Паланка испиша нова страница во историјата на клубот, откако за првпат...

Кошарка

Крива Паланка и Баскет Кам 2011 за првиот трофеј во новата сезона: Суперкупот носи голема пресметка

Новата сезона во женската кошарка во Македонија започнува со директна пресметка за...

Кошарка

КФМ го одржа претсезонскиот семинар за судии, делегати и контролори

Во организација на Судиската комисија при Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), од...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!