Втора лигаФудбал

Искусниот Бојан Најденов ја напушти Беласица

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането преземање без претходна писмена согласност!
Сподели

Екипата на Беласица во пролетниот дел од сезоната ќе биде без уште еден искусен фудбалер, откако Бојан Најденов одлучи кариерата да ја продолжи во нова средина, дознава Спортска Мрежа.

Играчот од средниот ред во струмичкиот тим пристигна од редовите на Кожуф во февруари минатата година, а по една сезона мината во Беласица се реши за промена на клупската средина. Станува збор за фудбалер со богато искуство и значајна интернационална кариера зад себе.

Во македонскиот фудбал, 34-годишниот Најденов настапуваше за Беласица, Кожуф, Брера Струмица, Вардар, Работнички и Хоризонт Турново. Надвор од Македонија има настапи за египетскиот Смуха, иранскиот гигант Естеглал, албански Лачи, узбекистанските Навбахор и Локомотив Кашкент, како и за црногорската Искра.


Во својата кариера има освоено шампионска титула со Локомотив Кашкент во сезоната 2022/2023, а со Естеглал се закити со Купот на Иран во сезоната 2017/2018.

Најденов има и настапи за сениорската репрезентација на Македонија, а своето деби во националниот дрес го запиша во 2014 година.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Дрита со „лото“ победа, Љуботен со убедлив триумф, три бода за Гостивар и Цетинска

Денес започна новата сезона во Трета лига регион 6 со натпреварите од првото коло, кои донесоа голем број на погодоци. Дрита на домашен...

Трета лигаФудбал

Илинден го доби Аеродром, Ржаничино броеше до десет, висока победа за БВК Коњаре, три бода за Беса Сарај

Амбициозниот Илинден со триумф ја започна сезоната во Трета лига регион 1 во која ќе цели на шампионската титула и на бараж за...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Дрита со „лото“ победа, Љуботен со убедлив триумф, три бода за Гостивар и Цетинска

Денес започна новата сезона во Трета лига регион 6 со натпреварите од...

Трета лигаФудбал

Куманово со висок триумф над Јуниор од Доброшане, дебитантот од Крива Паланка тргна со пораз

Куманово со сигурна победа ја отвори новата сезона во Трета лига регион...

Трета лигаФудбал

Големо Коњари со триумф ја отвори сезоната, Борец со „лото“ победа, едно реми со шест гола

Некогашниот прволигаш Борец убедливо ја отвори новата сезона во Трета лига регион...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!