Ракомет

ЖРК Чаир се засили со Коловска и Ван Акере во битката за шампионската титула!

Сподели
ФОТО: ЖРК Чаир
Сподели

Женскиот ракометен клуб Чаир официјално ги промовираше двете засилувања за вториот дел од сезоната во женската Суперлига, со кои јасно ги најави високите амбиции – освојување на шампионската титула.

Ново име во редовите на скопскиот тим е македонската репрезентативка Александра Коловска, која пристигнува од Металург Автокоманда. Коловска настапува на позицијата пикер и важеше за еден од клучните столбови во играта на поранешниот клуб, особено во одбраната. Таа зад себе има богато искуство, настапи за Металург и Вардар, како и интернационална епизода во словачката Јувента Михаловце, а со своето доаѓање ќе донесе дополнителна сигурност и конкуренција во ростерот на Чаир.

Покрај Коловска, нов член на екипата е и аргентинската ракометарка Елизабет Ван Акере, која ќе ја зголеми ширината и квалитетот на тимот во клучниот дел од сезоната. Од клубот очекуваат нејзиното искуство и енергија брзо да се вклопат во системот на игра.


Чаир го заврши есенскиот дел на третата позиција со 22 бодови, само еден помалку од водечките Ѓорче Петров и Металург Автокоманда, кои имаат по 23. Со оглед на големите кадровски промени во редовите на Металург Автокоманда, патот за борба за титулата е широко отворен, а Чаир со овие две засилувања се вклучува сериозно во трката за шампионскиот пехар, кој моментално го брани Ѓорче Петров.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

КупФудбал

КУП: Истатов домаќин на Тиверија Брера, Каменица Саса ќе има лесна задача, Пелистер и Љуботен домаќини

Денес беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија во женска конкуренција. Во оваа фаза од Купот пласман обезбедија само прволигашите. Истатов...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Билјанини Извори го доби Топ Гол, Јоана Никова херој: Охриѓанки со одличен старт во новата сезона

Денес се комплетираше второто коло на Втората женска фудбалска лига откако Билјанини Извори со 2:1 славеше над ланскиот прволигаш Топ Гол од Битола...

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!