Македонскиот ракометар Филип Талески повторно станува интернационалец и својата кариера ќе ја продолжи во унгарскиот шампионат, откако официјално беше промовиран како нов член на екипата на Татабања.
28-годишниот лев бек по неколкумесечна пауза без клуб најде нов ангажман во амбициозен унгарски состав, кој се наоѓа во самиот врв на домашниот ракомет, зад великаните Веспрем и Сегед. Во Татабања се одлучија за ангажман на Талески поради проблемите со повреди во ростерот, а од клубот потенцираат дека добиваат играч со големо искуство и квалитет, кој може да помогне и во нападот и во одбраната.
Талески зад себе има богата клупска кариера. Се афирмираше во Металург, од каде направи трансфер во германскиот Рајн Некар Левен, со кој освои титула во Бундеслигата и Купот на Германија. Потоа настапуваше за Балинген, Вардар, како и за португалската Бенфика, со која стекна значајно искуство и во европските купови. Во летото 2025 година се врати во Вардар, но по кратка епизода повторно се реши за интернационален предизвик.
Татабања оваа сезона настапува и во ЕХФ Европскиот Куп, каде може да се сретне со македонскиот претставник Охрид, доколку двете екипи обезбедат пласман понатаму.
Во минатото, унгарскиот шампионат беше успешна дестинација и за други македонски ракометари како Кирил Лазаров, Дејан Манасков и Златко Димитровски, а Талески сега ќе има можност да го продолжи тој континуитет.
Иако во последниот период не е дел од македонската репрезентација, ангажманот во квалитетна лига како унгарската може да биде нова можност за силно враќање на големата сцена.
Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.
МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...
По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...
Астибо предводен од Габриела Величковска стигна до својата трета сезонска победа откако...
Пионерите на Младост од Богданци продолжуваат со импресивните настапи во новата сезона....
Богданци повторно ќе биде во центарот на ракометните случувања, овојпат со најмладите...
Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...