Европско првенство 2026Ракомет

Шпанија ја урна Франција и целосно ја искомплицира трката за полуфинале на ЕП

Сподели
ФОТО: Принтскрин
Сподели

Голема сензација беше забележана во третото коло од главната фаза на Европското првенство, откако репрезентацијата на Шпанија ја совлада фаворизираната Франција со 36-32 и ја врати неизвесноста во таканаречената „група на смртта“.

Иако веќе без реални шанси за пласман меѓу најдобрите, Шпанците одиграа еден од своите најдобри натпревари на турнирот. Клучната разлика ја направија во првото полувреме, кога со одлична одбрана и ефикасен напад стигнаа до убедлива предност од 20-14 на паузата.

Во вториот дел Франција се обиде да се врати во натпреварот и во неколку наврати намали на минус два и минус три, но „фуријата“ не дозволи целосен пресврт. Со мирна и контролирана игра во завршницата, Шпанија го задржа водството и ги освои првите бодови во оваа фаза од шампионатот.

Најрасположен кај победниците беше Иан Баруфет со десет постигнати голови, додека значаен придонес имаше и голманот Сергеј Ернандез со низа клучни интервенции. Кај Франција, Ајмерик Мин се истакна со седум погодоци.

Со овој пораз, Франција остана на четири бода и повеќе не зависи само од себе во борбата за полуфинале, а исходот од дуелите меѓу Данска и Германија, како и директниот меч со „панцерите“, ќе имаат клучно значење за понатамошниот тек на турнирот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Виши: Ќе го дадеме максимумот и ќе се бориме до самиот крај

Иако некогаш овој дуел се сметаше за големо градско дерби, оваа сезона ситуацијата на теренот е сосема поинаква, па претстојниот натпревар повеќе наликува...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Седум натпревари од 25. коло на Втора лига

Со седум натпревари денес ќе биде отворено 25. коло на Втората македонска фудбалска лига, а ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Поврзани написи
Ракомет

Вардар на чекор до големо засилување: Фадуил на мета на „црвено-црните“

Македонскиот ракометен гигант Вардар сериозно работи на засилувањата за следната сезона, а...

Ракомет

Вардар сигурно до финале во Купот – „црвено-црните“ ќе се борат за нов трофеј против Алкалоид

Ракометарите на Вардар повторно ќе играат во финалето на Купот на Македонија,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!