Кошарка

Шампионот МЗТ сигурен против Маџари, Пелистер ја доби драмата со Работнички

Сподели
ФОТО: Кошаркарска федерација на Македонија
Сподели

Кошаркарската „МТЕЛ“ Супер лига донесе возбудлива вечер со две комплетирани средби и еден прекинат натпревар од 12. коло.

Актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром рутински ги одработи „домашните задачи“ на гостувањето кај Маџари, славејќи со 87:76. Иако домашните ја добија првата четвртина (24:22), „металците“ целосно ја презедоа контролата во втората, кога со цврста одбрана дозволија само 11 поени. На полувреме МЗТ имаше солидни 47:35, а до крајот без поголеми проблеми ја зачува предноста. Марин Петков одигра одличен меч со 26 поени, шест скока и пет асистенции, додека поддршка доби од Меккејден (13), Танасковиќ (11), Стојановски и Гил (по 10). Кај Маџари се истакна Амар Хот со 15 поени и 14 скока.

Во Битола, Пелистер и Работнички одиграа неизвесен и борбен натпревар, во кој „зелено-белите“ стигнаа до победа од 88:85. Домашните имаа постојана, но минимална предност низ целиот меч, а клучниот момент се случи на нешто повеќе од минута до крајот, кога Никола Малешевиќ погоди тројка за 87:83. Дејвис беше најефикасен кај Пелистер со 25 поени, додека Малешевиќ додаде 21. Кај Работнички сите стартери беа двоцифрени, а Лука Петровски се истакна со 19 поени.


Натпреварот меѓу МКК Куманово и Чаир 2030 беше прекинат по помалку од две минути игра, при резултат 2:0 за домашните. Поради лизгава подлога и нерегуларни услови, судиите одлучија средбата да се доигра утре, со преостанати 08:18 минути од првата четвртина.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

ФОТО: Сигурна победа за Тримо Требње над Нексе Нашице на турнирот во Охрид

Тримо Требње со триумф на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид откако го доби Нексе Нашице со резултат со 26:21. Словенечкиот тим до...

Ракомет

Утре започнува 11. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп

Утре започнува 11. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп, а на истиот ќе настапат домаќинот Прилеп, Мулти Есенс, Младост Богданци, Бутел,...

Поврзани написи
Кошарка

ТФТ го засили тимот со еден од најголемите македонски таленти

Кошаркарскиот клуб ТФТ Скопје продолжува со градењето на ростерот за сезоната 2026/27,...

Кошарка

Си-Џеј Вилсон повторно се врати во КК Пелистер

КК Пелистер го враќа Си-Џеј Вилсон во своите редови. Американскиот плејмејкер, кој...

Кошарка

Тарик Брунчевиќ е ново големо засилување на КК Работнички

КК Работнички АД Скопје го промовираше Тарик Брунчевиќ како ново засилување за...

Кошарка

Соколи 1933 го засили ростерот со Костоски, Александровски, Димчевски и Бајрам

КК Соколи 1933 продолжува со создавањето на конкурентен состав за новата сезона,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!