Втора лигаФудбал

„Бомба“ на Автокоманда: Симеон Христов е ново засилување на Скопје

Сподели
ФОТО: ФК Скопје
Сподели

Второлигашот Скопје вечерва договори големо засилување во своите редови за пролетниот дел каде „пиратите“ ќе целат кон влез во Првата лига.

Ново име кое доаѓа во второлигашот од Автокоманда е искусниот Симеон Христов, кој пристига од прволигашот Македонија ЃП.

Тимот на Александар Таневски е значително се засилува со пристигањето на Христов, а 33-годишниот играч зад себе има успешна кариера настапувајќи покрај за „лавовите“ од Ѓорче и за Пелистер, Гостивар, Вардар, Работнички, Тиквеш, Борец, Еуромилк ГЛ, Тетекс, Брегалница од Штип, додека пак во странство беше дел од Влазнија во Албанија, унгарските екипи Егри и Вашаш, а настапуваше и за Мјанмар.

Огромно е искуството на Христов, тој низ кариерата помогнал многу екипи да стигнат до повисок ранг на натпреварување, да стигнат до посакуваните цели, а сега ќе атакува со Скопје за влез во Прва лига.

ФОТО: ФК Скопје

Враќањето на Христов во Автокоманда буди спомени, а клубот сподели фотографија истакнувајќи дека некои приказни не завршуваат.

„Некои приказни не завршуваат… тие само чекаат вистински момент, 20 години подоцна – враќање дома“, велат од ФК Скопје.

Претходно, Скопје се засили со младиот талент Бесмир Даци и искусниот голман Кристијан Наумовски.

„Пиратите“ презимуваат на петтото место со 29 бодови, а пролетниот дел го отвараат со гостување во Виница кај Слога.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Паунов: Амбициите на Каменица Саса се јасни – враќање во Втора лига, атмосферата е одлична!

Искусниот Драган Паунов по вторпат во кариерата ќе го носи дресот на Каменица Саса, а главната цел на двете страни во новата сезона...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски го одреди составот на Македонија до 20 години за Медитеранските игри во Таранто

Македонската репрезентација до 20 години ќе биде дел од Медитеранските игри „Таранто 2026“, каде што во групната фаза ќе се соочи со Мароко,...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Паунов: Амбициите на Каменица Саса се јасни – враќање во Втора лига, атмосферата е одлична!

Искусниот Драган Паунов по вторпат во кариерата ќе го носи дресот на...

Фудбал

ФФМ ја повлече поддршката за Инфантино за нов мандат на чело на ФИФА!

По состанокот на претседателите на членките на УЕФА со претседателот и Извршниот...

ИнтернационалциФудбал

Дориев не запира: Уште еден гол и нова победа за Согдиана!

Македонскиот интернационалец Љупче Дориев продолжува да игра во извонредна голгетерска форма во...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Марија Бојкова се врати во ЖФК Кочани

Прволигашот Кочани кој минатата сезона преку бараж избори опстанок се засили со...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!