Втора лигаФудбал

Второлигашот Скопје се засили со Бесмир Даци

Сподели
ФОТО: ФК Скопје
Сподели

Второлигашот Скопје кој во пролетниот дел ќе води борба за влез во Првата македонска фудбалска лига се засили со Бесмир Даци, 21-годишен талент кој доаѓа од косовски Шари во Автокоманда.

Десното крило стави потпис на договор со тимот кој го води искусниот стратег Александар Таневски, а Даци всушност е повратник во Скопје, бидејќи и во минатото го носеше дресот на „пиратите“, па доаѓа во добро позната средина.

Низ својата кариера Даци покрај за Шари во странство беше дел и од косовскиот Дукаџини, додека пак во македонскиот фудбал кариерата ја започна во Албарса беше дел од Шкупи, Борец, настапуваше за некогашниот второлигаш Локомотива од Градско и за Беса од Добри Дол.

Претходно, Скопје се засили со искусниот голман Кристијан Наумовски.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона, се работи за 17-годишниот играч Јован Бојчев. Младиот фудбал потекнува од...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача од УЕФА. Двете ќе бидат дел од судиската екипа на натпреварот...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона,...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача...

Трета лигаФудбал

Кои екипи најмногу разочараа во Трета лига регион 3, еден тим е вистински хит

По четири одиграни кола во Трета лига регион 3 има неколку екипи...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!