Ракомет

Доне Мајнов нов тренер на суперлигашот Пролет

Сподели
ФОТО: РК Тинекс Пролет
Сподели

Доне Мајнов ќе биде предводник на Тинекс Пролет на стартот од втората полусезона од Супер-лигата, откако ракометарот со најголем стаж во клубот реши да ја заврши играчката кариера.

Очекувано, цел на сите во клубот беше Мајнов да остане дел од Тинекс Пролет, а по кратки разговори беше најден заеднички јазик, тој во наредниот период да седне на клупата и токму во клубот каде мина најдолго време како играч, сега да ја стартува и тренерската кариера.

Доне Мајнов го носеше дресот на Тинекс Пролет уште од 2012 година, беше дел и од екипата што го освои третото место во Супер-лигата (најдобар пласман од осамостојувањето на Македонија), како и од тимот што потоа на гостински терен славеше на еден од двата меча со славниот шпански клуб Гранолјерс.

Тој веќе ја одржа првата прозивка со екипата и ги води подготовките, заедно со уште еден ветеран што до неодамна го носеше дресот на Тинекс Пролет. Станува збор за Златко Даскаловски, легендарниот македонски голман кој исто така реши зимава да ја заврши кариерата како играч.

Даскаловски ќе биде дел од стручниот штаб на Тинекс Пролет во вториот дел од сезонава, притоа и ќе работи со голманите во тимот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
РакометРакометна репрезентација

Томовски блескаше, Кузмановски предводеше: Македонија сигурна против Словачка!

Македонската машка ракометна репрезентација направи голем чекор кон нов настап на Светското...

Ракомет

Македонија вечерва го отвора баражот за пласман на Светското првенство

Вечерва од 19:00 часот во „Татран Арена“ во Прешов, машка ракометна репрезентација...

Ракомет

Јовановски останува со Чупиќ, Нечовски доби промоција во сениорскиот тим!

Раководството на клубот продолжува со градење на тимот за наредната сезона, па...

Ракомет

Француско засилување за ГРК Охрид: Адама Кеита носи големо искуство!

ГРК Охрид продолжува со засилувањата за новата сезона, а петто ново име...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!