Европско првенство 2026Ракомет

Норвешка преживеа шпански налет и славеше во ракометен трилер во Хернинг

Сподели
ФОТО: Принтскрин
Сподели

Репрезентацијата на Норвешка стигна до исклучително важна победа над Шпанија, триумфирајќи со 35-34 во драматичен натпревар од првото коло во главната фаза на Европското ракометно првенство, одигран во Хернинг. Дуелот понуди вистински спектакл, неизвесност од првата до последната минута и завршница која долго ќе се памети.

Натпреварот започна во израмнет ритам, со чести промени во водството и цврсти одбрани на двете страни. Ниту една селекција не успеа да се одлепи резултатски, па на паузата се замина со логични 16-16. Во продолжението, Шпанија делуваше посигурно и во неколку наврати имаше шанса да се одвои и на три до четири голови разлика, но пропуштените прилики ѝ дадоа живот на Норвешка.

Домаќините ризикуваа со игра „седум на шест“, што се покажа како клучен потег. Норвежаните постепено ја топеа разликата, а во последните пет минути успеаја да преземат минимална предност. Во финишот се влезе со гол разлика за Норвешка, а Шпанија доби можност со последниот напад да стигне до бод. И покрај тоа што „фуријата“ имаше и играч повеќе, обидот за атрактивно решение не вроди со плод, па бодовите останаа кај Норвежаните.

Херој на победата беше Август Баскар Педерсен, кој одигра извонреден натпревар и постигна 11 голови, додека кај Шпанија најрасположен беше Алеиш Гомез со осум погодоци. Со оваа победа Норвешка ги освои првите два бода во групата, додека Шпанија останува без бодови и во тешка позиција во продолжението од шампионатот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Ројевиќ по ремито со Загреб: „На полувреме се фативме за рака и си рековме дека одиме со потполно друга енергија“

Охрид е во финалето на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако вчера одигра реми (30-30) против Загреб. Бодот беше доволен за „гладијаторите“ да го...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Стартува 25. сезона во ПЖФЛ: Скопје ја брани титулата, Пелистер нов прволигаш

Утре започнува 25. издание на Првата женска фудбалска лига на Македонија, со што официјално стартува сезоната 2026/2027. Во новата сезона ќе се натпреваруваат...

Поврзани написи
Ракомет

Ројевиќ по ремито со Загреб: „На полувреме се фативме за рака и си рековме дека одиме со потполно друга енергија“

Охрид е во финалето на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако вчера одигра...

Ракомет

„Не сме поразени од таков голем тим како Загреб“ – Ојлески по драматичното реми!

Ракометарите на Охрид повторно ќе се борат за трофејот на меморијалниот турнир...

Ракомет

Охрид со неверојатен кам-бек до финалето: „Гладијаторите“ го запреа Загреб во последните секунди!

Ракометарите на Охрид се пласираа во големото финале на меморијалниот турнир „Крсте...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!