ФудбалФутсал

КМФ Проект со две силни проверки во Србија пред продолжението на сезоната

Сподели
ФОТО: КМФ Проект
Сподели

КМФ Проект претстојниот викенд ја продолжува подготовката за вториот дел од сезоната со две контролни средби во Србија, каде ќе се соочи со реномирани противници.

Македонскиот прволигаш во сабота ќе гостува во Ниш кај КМФ Винтер Спорт, додека во недела го очекува дуел со КМФ Врање, натпревар кој ќе се одигра во Врање. Овие средби ќе послужат како сериозна проверка на формата и подготвеноста на ростерот, но и како можност за стручниот штаб да направи прецизно темпирање на формата пред стартот на натпреварувачките обврски.

Клубот од Јосифово влегува во продолжението на сезоната со високи амбиции. КМФ Проект есенскиот дел од Првата футсал лига го заврши без ниту еден пораз, со максимален учинок од девет победи во девет натпревари и освоени 27 бодови, што го позиционира на врвот на табелата.

Покрај борбата за шампионската титула, која би значела враќање на трофејот во клубските витрини, Проект има јасна цел и во Купот на Македонија, каде што ќе атакува на освојување на двојната круна.

До почетокот на првенството планирани се уште две тест-средби, со цел тимот подготвен и во оптимална форма да влезе во продолжението од сезоната во Првата футсал лига и Куп натпреварувањата.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!