Втора лигаФудбал

Второлигашот Новаци се засили со Марко Лозановски

Сподели
ФОТО: ФК Новаци
Сподели

Второлигашот Новаци продолжува со засилувања за пролетниот дел, а најново име во ростерот е младиот Марко Лозановски.

Станува збор за 19-годишен офанзивец кој за првпат ќе добие можност да се докаже на сениорско ниво. Првите фудбалски чекори ги прави во Пелистер, по што следуваше интернационално искуство во Германија, каде настапуваше во младинските категории на Ергензинген.

Четвртото зимско засилување на Новаци игра по крилните позиции, но може и во улога на централен напаѓач, што му овозможува на стратегот Дарко Крстески да комбинира.

Со ангажманот на Лозановски, Новаци ја продолжува стратегијата на подмладување на тимот, откако претходно во клубот пристигнаа и младите фудбалери Стефан Секирски, Лука Лисолајски и Мартин Пивковски, за што веќе објави Спортска Мрежа.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

(ФОТО СТАТИСТИКА) Дерби во Струмица под рефлектори: Беласица против Пелистер

Седмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се заокружи со дерби...

Трета лигаФудбал

Вардар Неготино суспендиран од Трета лига регион 4 поради неисполнети финансиски обврски

Нови проблеми за ГФК Вардар Неготино, откако клубот минатата сезона испадна од...

КупФудбал

КУП: Истатов домаќин на Тиверија Брера, Каменица Саса ќе има лесна задача, Пелистер и Љуботен домаќини

Денес беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија во женска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!