РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија У17 загуби на двата контролни натпревари против Турција

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Македонската репрезентација до 17 години одигра два контролни натпревари против врсниците на Турција на гостински терен во Анталија. Младите фудбалери кои ги избра селекторот Влатко Колев беа поразени на двата пријателски меча, со резултати 1:0 и 2:1, во спортскиот комплекс „Арслан Зеки Демирџи“.

На првиот натпревар Турција дојде до минимална победа од 1:0, а единствениот погодок го постигна Хусеин Шен во 30. минута. Нашата селекција имаше свои моменти и можности да се врати во мечот, а најдобрата шанса ја пропушти Јаков Стојковски. Во продолжението од натпреварот, шанси за погодок имаа и Папалиски и Џангаровски, но реализацијата изостана.

Турција до 17 години: Толга Санџак, Хасан Мерт Тунџел (85` Дањал Ташчи), Увејс Јасир Сатик (58` Рамазан Озчелик), Билал Демираг, Ата Јаник (85` Сабри Бурак Билгич), Ефе Сечил (58` Аднан Ефе Фетахоглу), Али Демирбилек (72` Халил Коч), Неджати Огулџан Јанчел, Хусеин Шен (58` Алаеттин Екичи), Емин Ерен Сајар (58` Мустафа Кошкун Тосун), Јагиз Фикри Шен;

Македонија до 17 години: Амин Суљовиќ, Давид Лиотоски (46` Тео Стојчевски), Грегоријан Михајловски, Марко Иванов, Филип Цветковски, Бленди Љачка (78` Самуел Вртковски), Андреј Цветковски (46` Арда Илијазовски), Мартин Џангаровски (90` Павел Миронски), Фадилј Исламовиќ (78` Лука Кнежевиќ), Васко Папалиски (88`Лука Георгиев), Јаков Стојковски (88` Марко Мирчевски);

На реваншот, Турција повторно беше подобра и славеше со 2:1. Домашната селекција поведе во 41. минута преку Емин Ерен Сајар, а Македонија успеа да израмни во 55. минута, кога Јаков Стојковски го постигна голот за 1:1. Сепак, победничкиот погодок за Турција го даде Јагиз Фикри Шен во 85. минута.

Турција до 17 години: Садулах Јигит Кабакушак (46. Емир Гундогду), Хасан Мерт Тунџел, Билал Демираг (46. Увејс Јасир Сатик), Ата Јаник (81. Рамазан Озчелик), Али Демирбилек (75. Мустафа Кошкун Тосун), Халил Коч (46. Ефе Сечил), Неджати Огулџан Јанчел (46. Јагиз Фикри Шен), Ерен Ташкиран, Емин Ерен Сајар (81. Кајра Алтај), Аднан Ефе Фетахоглу (81. Мехмет Демир), Алаеттин Екичи (60. Хусеин Шен)

Македонија до 17 години: Даријан Денковски, Тео Стојчевски (60. Амер Бајрами), Грегоријан Михајловски, Марко Иванов, Филип Цветковски, Бленди Љачка (46. Васко Папалиски), Андреј Цветковски (46. Фадилј Исламовиќ), Мартин Џангаровски, Арда Илијазовски, Марко Мирчевски (46. Самуел Вртковски), Јаков Стојковски (68. Јаков Пресилски)

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот суперлигаш Земун, откако во рамките на 9. коло одигра 1:1 против...

Ракомет

Унгарски судии за европскиот предизвик на Вардар против Нант!

Вардар го очекува првиот домашен европски предизвик во новата сезона од Лигата на шампионите, а за дуелот со Нант веќе се познати и...

Поврзани написи
Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија поразена од Полска, следуваат уште два натпревари на Европското првенство

Машката сениорска одбојкарска репрезентација на Македонија го претрпе и третиот пораз на...

Останати репрезентацииРепрезентација

Четворица Македонци на Европското првенство У18 во тенис

Македонскиот тениски тим ќе има четворица претставници на Европското првенство до 18...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Втор пораз за младите фудбалерки на Македонија до 15години

На вториот ден од развојниот турнир за девојчиња до 15 години во...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија вечерва против Полска, шампионот кој не знае за пораз на ЕП!

Апсолутниот фаворит во групата Б и актуелен бранител на титулата на ЕвроВолеј...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!