Прва лигаФудбал

Мирза Делимеѓец е ново засилување на Силекс

Сподели
ФОТО: ФК Силекс
Сподели

Мирза Делимеѓец е ново засилување во редовите на Силекс. 26-годишниот фудбалер од средниот ред пристигнува во Кратово од српскиот прволигаш ФК Јединство УБ, каде што во есенската полусезона настапуваше во Првата српска лига.

Делимеѓец зад себе има солидна статистика – запиша 12 настапи и постигна еден гол, покажувајќи сигурност и стабилност во средината на теренот. Со своето искуство и карактеристики, тој треба да донесе дополнителна енергија, квалитет и конкуренција во тимот на Силекс во продолжението од сезоната.

Новиот играч на кратовчани има богато интернационално искуство, бидејќи во досегашната кариера настапувал во повеќе држави, меѓу кои Албанија, Бугарија, Сингапур, Србија и БиХ, што претставува дополнителен плус за амбициите на клубот.

Со неговото пристигнување, Силекс добива фудбалер кој има поминато низ различни фудбалски школи и лиги, а навивачите очекуваат брзо да се вклопи и да даде свој придонес во битката за што подобар пласман.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Величков ќе им суди на Шкендија и Брера, Стојанов оди во Струга, Пилешков главен во Кратово

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на трите воведни натпревари...

КупФудбал

Тиверија Брера со „петарда“ до втората Куп титула, Саса немоќна во финалето во Ѓорче Петров!

Тиверија Брера го освои вториот трофеј во Купот на Македонија, откако во...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со строги казни: суспензии за играчи и функционери, поведени повеќе постапки

Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија донесе повеќе казни и покрена...

Младински фудбалФудбал

Познати се финалистите во Купот на Македонија кај младинците и кадетите

Комплетирани се полуфиналните натпревари во Купот на Македонија во младинските категории, а...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!