Прва лигаФудбал

Битола слави: Ивановски го шокираше Вардар, Пелистер ги израдува „Чкембари“!

Сподели
ФОТО: ФК Пелистер
Сподели

Во историскиот прв натпревар под рефлектори на битолскиот стадион „Петар Милошевски“, Пелистер со голот на Мирко Ивановски во 92. минута го совлада Вардар во најголемото македонско фудбалско дерби.

Картите беа распродадени за рекордно време, интересот за најголемото македонско фудбалско дерби беа големи, особено фактот што светна битолскиот стадион со новата трибина.

Херој на мечот е Ивановски, кој на спектакуларен начин го прослави голот против Вардар, се качи горе на трибината каде што беа верните „Чкембари“, голема еуфорија, радост, но поради тоа доби и втор жолт картон со што беше исклучен од игра.

Натпреварот го одбележа моментот со присуството на двете навивачки групи „Чкембри“ и „Комити“ кои во текот на мечот има свои пиротехнички шоуа, а на крајот „зелено белите“ прославија имаа и зошто, повеќе од добредојде им беше оваа за нив минимална, но голема победа, со која Пелистер предводен од штипскиот стратег Влатко Костов се зацврстува во средината од табелата, но има простор да прогресите кон горниот дел од табелата, а Вардар од коло во коло тоне и тоне, па сега е на дното со само осум бодови на своето конто.

Двете екипи имаа свои моменти на натпреварот, но немаше реализации, а најдобри искористи Ивановски кој донесе ерупција на стадионот „Петар Милошевски“ со што трите бодови останаа во Битола.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Алаѓозовски: Против Шкупи, посакуваме да ја завршиме годината во позитивен стил

Брера Струмица со четири порази во низа од последните пет средби денес во Струга против „фенерџијата“ ќе бара враќање на победата и со...

Прва лигаФудбал

Работнички во обид да спаси, што може да се спаси, во последниот есенски меч

Работнички имаше очајна есен, досега собра само седум бодови и се наоѓа на претпоследната позиција на табелата во Првата лига. Со само една...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Алаѓозовски: Против Шкупи, посакуваме да ја завршиме годината во позитивен стил

Брера Струмица со четири порази во низа од последните пет средби денес...

Прва лигаФудбал

Работнички во обид да спаси, што може да се спаси, во последниот есенски меч

Работнички имаше очајна есен, досега собра само седум бодови и се наоѓа...

Втора лигаФудбал

Што ќе донесат денешните натпревари во Виница и Големо Коњари?

Пополека доаѓа моментот за комплетирање на 15. коло на Втората лига кое...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Големо Коњари – Тетекс

„Фенерџијата“ Големо Коњари на домашен терен ќе го пречека тимот на Тетекс...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!