Прва лигаФудбал

ВИДЕО: Пелистер се засили со Гроздановски – битолчани го вратија репрезентативецот дома

Сподели
Сподели

Фудбалскиот клуб Пелистер продолжува со активностите на трансфер-пазарот и официјално го претстави Томче Гроздановски како ново засилување за пролетниот дел од сезоната во ПМФЛ.

25-годишниот играч за врска се враќа во македонскиот фудбал по интернационалната авантура во Романија, каде настапуваше за Конкордиа. Гроздановски со „зелено-белите“ потпиша договор до крајот на актуелната сезона, а во своето ЦВ има и еден настап за сениорската репрезентација на Македонија.

Кариерата ја започна во Металург, по што настапуваше за Кожуф, а потоа следуваше трансфер во Словачка каде го носеше дресот на Злате Моравче. Искуството го надгради и во Хрватска како член на Дугопоље, пред повторно да се врати во домашниот шампионат и да заигра за Работнички и Силекс.


Со ангажманот на Гроздановски, Пелистер добива фудбалер со меѓународно искуство и стабилност во средниот ред, што треба да биде значаен адут во борбата за пролетните предизвици.

Претходно, Пелистер се засили со Лука Милојевиќ, Милан Србијанац и Кире Ристевски, а тимот замина на подготовки во Анталија.


Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!