Втора лигаФудбал

Велинов: Чест и големо задоволство ми е што станувам дел од Осогово

Сподели
ФОТО: Принтскрин
Сподели

Осогово го претстави Стојанчо Велинов како трето зимско засилување за пролетниот дел од сезоната. Станува збор за искусен фудбалер и повратник во второлигашот од Кочани, од кого се очекува со своето искуство значително да го подигне квалитетот на тимот.

По официјалната промоција во жолто-плавиот дрес, Велинов истакна дека е благодарен за укажаната доверба и дека за него претставува големо задоволство што повторно ќе настапува за Осогово.

„Чест и големо задоволство ми е што станува дел од овој клуб. Многу сум благодарен за укажаната доверба од страна на цела управа на чело со шефот на стручниот штаб. Се надевам дека ќе ги исполниме зацртаните цели на клубот и дека клубот ќе го издигнеме на едно повисоко ниво“, вели Стојанчо Велинов по промоцијата за нов играч на Осогово.

Целта на Осогово во пролетниот дел ќе биде директен опстанок во Втората лига, односно сезоната да се заврши меѓу првите осум екипи на табелата. Пролетниот дел кочанскиот тим ќе го отвори со натпревар против Каменица Саса на домашен терен.

Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!