Прва лигаФудбал

Во ЖИВО: Пелистер – Вардар, големото фудбалско дерби под рефлектори во Битола!

Сподели
Сподели

Најголемото фудбалско дерби во Македонија меѓу Пелистер и Вардар ќе се одигра во Пелистер и тоа под рефлектори, а во рамки на 13. коло од Прва лига, коло кое денес беше отворено, а ќе се комплетира токму со оваа дерби.

Двете екипи се далеку од посакуваната форма и се во лоша форма, резултатска криза, но во секој случај кога овие две екипи ќе се соочат секогаш дербито има сјај. Новата трибина е распродадена, ќе биде исполнето секое столче, тука ќе бидат и двете навивачки групи „Чкембари“ и „Комити“.

  • ВО ЖИВО: ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР (ПРЕНОС ФФМ)

Двете екипи на последните пет натпревари немаат триумф. „Црвено-црните“ се во длабока резултатска криза, со четири порази и само едно реми на последните пет натпревари, додека пак Пелистер е на осмото место со еден пораз и четири ремија во низа. „Зелено-белите“ имаат нешто подобра форма и затоа се на осмото место со 13 бодови, во однос на Вардар кој е на дното како последен со осум бодови на своето конто.

Императивот за трите бодови е голем, Пелистер сака радост која за нив би била само трета и со тоа да одат барем до шесттото место на табелата, а пак Вардар со триумф ќе може да дојде до бараж зоната и да се израмни со Воска Спорт со по 11 бодови.

Натпреварот стартува во 19 часот, а главен судија ќе биде Јован Качевски.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

„Победа е нашата цел“: Ќосевски најавува борба на Охрид во Будва!

Охрид утре го очекува вториот предизвик во Регионалната лига, а по успешниот старт против Војводина, охриѓани гостуваат кај Будванска Ривиера во Црна Гора....

Ракомет

Вардар не патува во Панчево: Повреди и вирус го одложија мечот со Динамо!

РК Вардар нема да гостува кај Динамо Панчево во рамките на второто коло од Регионалната ракометна лига. Средбата беше закажана за 26 август,...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Еве кога игра Проект во Грац: Три европски натпревари во четири дена!

Македонскиот футсал шампион Проект веќе е во Грац, Австрија, каде што ќе...

Прва лигаФудбал

Познат распоредот за 5. коло во ПМФЛ: Дерби во Кратово, Тиквеш – Вардар во понеделник

Познат е распоредот за 5. коло во Првата македонска фудбалска лига, кое...

ФудбалФутсал

Проект со позитивна атмосфера патува за Грац, македонскиот шампион подготвен за ЛШ!

Македонскиот футсал шампион Проект со позитивна атмосфера и големи амбиции патува за...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!