Втора лигаФудбал

Димоски: Очекувам успешна сезона за Осогово, градот Кочани и навивачите

Сподели
ФОТО: Принтскрин
Сподели

Филип Димоски денес официјално беше промовиран како ново засилување во редовите на Осогово. Тој се враќа меѓу „жетварите“, откако и во минатото го носеше дресот на клубот од Кочани.

Со денешниот тренинг на Градскиот стадион во Кочани беше означен почетокот на зимските подготовки на второлигашот, а Димоски веднаш се стави на располагање на стручниот штаб.

Фудбалерот очекува успешен пролетен дел од сезоната и исполнување на клупските цели.

„Денес започнав со првиот тренинг со Осогово, ги започнавме зимските подготовки. Очекувам успешна сезона како на тимски, така и на личен план и со тоа да имаме заеднички успешна сезона за градот Кочани и навивачите“, изјави Филип Димоски.

Осогово пролетниот дел од сезоната ќе го отвори на домашен терен, каде го очекува дербито против Каменица Саса.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!