Европско првенство 2026Ракомет

ЕП 2026: Шпанија и Франција сигурни, Хрватска се намачи

Сподели
ФОТО: Принтскрин
Сподели

Вториот натпреварувачки ден на Европското првенство 2026 донесе три интересни дуели, во кои фаворитите ја оправдаа улогата, иако не сите на ист начин. Шпанија и Франција запишаа убедливи победи, додека Хрватска со многу напор стигна до бодовите против мотивираната Грузија.

Шпанската репрезентација со доминантно издание ја совлада Австрија со 30-25 и го потврди пласманот во главната рунда. „Фуријата“ контролираше од самиот почеток, на паузата имаше убедливи 19-12, а иако Австријците во вториот дел во неколку наврати намалија на минус четири, Шпанија без поголема драма го приведе мечот кон сигурна победа. Со овој триумф, Шпанците во групата А имаат две победи, над Србија и Австрија, а во последното коло ги очекува дерби против Германија.

Највозбудливо беше во Малме, каде Хрватска по голема борба ја совлада Грузија со 32-29. Грузијците одиграа храбро и во првиот дел имаа и убедлива предност, но искуството на Хрватите дојде до израз во клучните моменти. Натпреварот беше неизвесен до самата завршница, кога фаворитот успеа да направи разлика и да ги освои првите бодови на шампионатот. Со оваа победа, Хрватска успешно го отвори настапот во групата Е.

ФОТО: Принтскрин

Франција, пак, немаше милост кон Украина и славеше со убедливи 46-26. Европскиот шампион го реши прашањето на победникот уште во првото полувреме, кое го заврши со предност од 24-12, а вториот дел беше рутинско одработување на задачата. Со оваа победа, „триколорите“ во групата Ц стигнаа до четири бода, откако претходно ја совладаа и Чешка, и веќе обезбедија пласман во главната рунда.

ФОТО: Принтскрин

По второто коло, Шпанија и Франција веќе го трасираа патот понатаму, додека Хрватска и Грузија најавија дека во продолжението од првенството нема да има лесни натпревари за ниту еден фаворит.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

(ФОТО) Готен сезоната ја отвара против Сачево, Василево против Струмешница, Единство налета на Спартмани

Вечерва беше извлечена ждрепката за новата сезона во Четвртата фудбалска лига во Струмица, односно Општинската лига, која стартува веќе во недела, а ќе...

Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска лига, а кое коло ќе се игра во два дена, односно...

Поврзани написи
Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти...

Ракомет

Вардар немоќен пред Висла Плоцк: Трет пораз за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа третиот пораз во Лигата на шампионите,...

Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!