Европско првенство 2026РакометРакометна репрезентацијаРепрезентација

Лазаров: Нема што да загубиме, ќе уживаме против најдобрите

Сподели
ФОТО: РФМ
Сподели

Вечерва Македонија го отвара Европското првенство против домаќинот Данска, меч кој се игра во Хернинг.

Данците ќе имаат силна поддршка од трибините, а салата ќе биде исполнета до последното седиште.

Селекторот Кирил Лазаров зборуваше во пресрет на првиот дуел од Европското првенство во Хернинг со моќната Данска, која е актуелен светски и олимписки првак.

„На првиот натпревар играме против најдобриот тим на светот во последните десет години, тоа е Данска. Возбудени сме што ќе играме против нив. Тие се домаќини, ќе ни биде многу тешко, но немаме што да загубиме на овој меч и ќе се обидеме да уживаме. Разговарав со моите млади играчи на кои ова им е ново искуство, ќе играат против земја во која се сака ракометот и кој им е можеби број еден. Најважно е што смената на генерации ја правиме постепено, чекор по чекор, тоа е тежок процес и посилни селекции имаат проблем со смена на генерации. Ние сме мала земја, мора да бидеме трпеливи. Искрено, секој има амбиции и сака да победува натпревари. Сакаме да одиме во втората фаза, но секој сака“, рече селекторот Лазаров.

Браќата близнаци Игор и Алексеj Ковалчиус од Молдавија ќе делат правда на вечерашниот меч меѓу Данска и Македонија.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Поврзани написи
Ракомет

Еурофарм Пелистер донесе засилување од БиХ: Едвин Џелиловиќ потпиша тригодишен договор

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер продолжува со градењето на тимот за новата сезона,...

РакометРакометна репрезентација

Томовски блескаше, Кузмановски предводеше: Македонија сигурна против Словачка!

Македонската машка ракометна репрезентација направи голем чекор кон нов настап на Светското...

Ракомет

Македонија вечерва го отвора баражот за пласман на Светското првенство

Вечерва од 19:00 часот во „Татран Арена“ во Прешов, машка ракометна репрезентација...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Костиќ: Не очекува тешко лето, Европската лига носи големо значење за нас

Интернационалецот Лука Костиќ и техничарот на Штип УГД, Давид Стојанов беа дел...