Ракомет

Марио Стојановски ја продолжи верноста кон Вардар – договор за уште две сезони

Сподели
ФОТО: РК Вардар 1961
Сподели

Ракометниот клуб Вардар продолжува со стратегијата на стабилност и континуитет, откако беше постигнат договор за продолжување на соработката со левото крило Марио Стојановски. Младиот ракометар ќе го носи дресот на „црвено-црните“ и во следните две сезони.

Стојановски е производ на вардаровата школа и важи за еден од ракометарите кои трпеливо и сигурно го градеа својот пат до сениорскиот состав. Во изминатиот период тој се наметна како стабилна и доверлива опција на позицијата лево крило, при што неговиот напредок беше препознаен од стручниот штаб, кој му доделуваше сè поголема минутажа.

Покрај клупските настапи, Стојановски поседува и репрезентативно искуство со младинските селекции на Македонија, што дополнително ја потврдува неговата перспектива и потенцијал за понатамошен развој.

Во Вардар сметаат дека продолжувањето на соработката е логичен чекор, а клубот и во иднина ќе се потпира на неговата енергија, посветеност и амбиција, со јасна цел – заеднички успеси и стабилни резултати во наредниот период.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Поврзани написи
Ракомет

Еурофарм Пелистер донесе засилување од БиХ: Едвин Џелиловиќ потпиша тригодишен договор

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер продолжува со градењето на тимот за новата сезона,...

РакометРакометна репрезентација

Томовски блескаше, Кузмановски предводеше: Македонија сигурна против Словачка!

Македонската машка ракометна репрезентација направи голем чекор кон нов настап на Светското...

Ракомет

Македонија вечерва го отвора баражот за пласман на Светското првенство

Вечерва од 19:00 часот во „Татран Арена“ во Прешов, машка ракометна репрезентација...

Ракомет

Јовановски останува со Чупиќ, Нечовски доби промоција во сениорскиот тим!

Раководството на клубот продолжува со градење на тимот за наредната сезона, па...