Кошарка

Кошаркарската федерација распиша лицитација за организација на Купот „Благоја Георгиевски – Буштур“ 2026

Сподели
ФОТО: Кошаркарска федерација на Македонија | АРХИВА
Сподели

Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ) официјално информираше дека ќе организира лицитација и работен состанок со сите заинтересирани страни за организација на националниот кошаркарски Куп „Благоја Георгиевски – Буштур“ за 2026 година, во машка и во женска конкуренција.

Право на учество имаат физички лица, здруженија, акционерски друштва и други правни субјекти кои ќе пројават интерес за преземање на организацијата на овој престижен национален настан. Целта на лицитацијата и работниот состанок е навремено, транспарентно и суштинско усогласување околу сите клучни аспекти поврзани со организацијата на Купот.

На состанокот ќе се разгледуваат и прецизираат датумите и термините за одигрување на натпреварите, изборот и техничката подготвеност на спортските сали, исполнувањето на пропишаните организациски, безбедносни и логистички услови, протоколите и придружните активности за непречено одвивање на натпреварите, како и координацијата со службените лица, медиумите и останатите релевантни фактори. Посебен акцент ќе биде ставен на подигнување на севкупното ниво на организација, промоција и достоинствено одбележување на Купот како национален спортски настан.

Лицитацијата ќе се одржи на 26 јануари 2026 година (понеделник), со почеток во 12:00 часот, во салата за состаноци на Кошаркарската федерација на Македонија. Почетната сума за лицитација изнесува 200.000 денари за организација на Купот во женска конкуренција и 500.000 денари за Купот во машка конкуренција.


Во наведените износи се вклучени комплетните трошоци за службените лица (судии, делегати, контролори, записничка маса и статистика), како и организациска и координациска поддршка од страна на федерацијата. Таа опфаќа надзор и супервизија на исполнувањето на пропишаните услови, како и официјална комуникација и информирање на јавноста за време на финалниот турнир.

Обезбедувањето на спортскиот објект, целокупната техничка инфраструктура (спортска опрема, семафори, ИТ и интернет поддршка, аудио-визуелна опрема, медиумски и ТВ/стриминг предуслови, како и награди за најдобрите), како и целокупната логистика поврзана со функционирањето на салата, претставува исклучива обврска на организаторот, освен ако поинаку не биде утврдено со посебен писмен договор.


Како услов за учество во лицитацијата, сите заинтересирани субјекти најдоцна до 22 јануари 2026 година (четврток) се должни да уплатат 10 проценти од почетната сума за Купот за кој аплицираат. Дополнителните организациски, технички и финансиски обврски, како и критериумите за избор на организатор, ќе бидат детално образложени и прецизирани за време на работниот состанок, во согласност со важечките пропозиции, добрите практики и највисоките организациски стандарди.

Од КФМ упатија јавен повик до сите заинтересирани субјекти навремено да го потврдат своето присуство и со сериозен, одговорен и професионален пристап да се вклучат во процесот за избор на организатор на еден од најзначајните национални кошаркарски настани.


Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со...

Кошарка

ГКК Штип го шокираше Пелистер среде Битола, МЗТ Скопје сигурен во градското дерби – Работнички останува лидер!

Шестото коло од МТЕЛ кошаркарската Суперлига донесе голема гостинска победа на ГКК...

Кошарка

Работнички преживеа драма со Кожув за шеста победа, Тиквеш со голем пресврт ја освои Струмица!

Шестото коло од МТЕЛ кошаркарската Суперлига донесе два интересни натпревари со неизвесни...

Кошарка

Вардар и Бадел без пораз по четири кола, Крива Паланка го доби дербито со Баскет Кам – следува битка за врвот!

Вардар и Бадел 1862 продолжуваат со максимален ефект во „Шпаркасе Лајф“ Првата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!