Прва лигаФудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Струга Трим Лум пушти на позајмица четворица фудбалери

Сподели
ФОТО: ФК Струга Трим Лум
Сподели

ФК Струга Трим Лум официјално потврди дека четворица фудбалери на клубот ќе настапуваат како позајмени во други екипи и во пролетниот дел од сезоната. Станува збор за Јусуф Каба, Хадис Таири, Веби Ислами и Кире Ристевски.

Клубот продолжува со стратегијата за развој на своите играчи преку позајмици во домашните натпреварувања. Така, по веќе договорените позајмици на Кире Ристевски, Јусуф Каба и Веби Ислами од стартот на сезоната, на листата дополнително е додаден и левиот бек Хадис Таири.

Таири во наредните шест месеци ќе го носи дресот на Шкендија од Арачиново, каде што ќе настапува заедно со Јусуф Каба. Веби Ислами, пак, ќе продолжи да игра за Кожуф, клуб во кој имаше одлични настапи во есенскиот дел од Втората лига.

Дефанзивецот Кире Ристевски е отстапен на позајмица во Пелистер. Во првата полусезона Ристевски настапуваше како позајмен фудбалер во Македонија Ѓорче Петров, а до крајот на сезоната ќе игра за клубот од неговиот роден град. Воедно, ова ќе бидат и последните шест месеци од неговиот договор со Струга Трим Лум.


Од клубот информираат дека Веби Ислами, Јусуф Каба и Хадис Таири по завршувањето на сезоната се очекува да се вратат во Струга, со цел подготвени и поискусни да се стават на располагање на стручниот штаб во наредната натпреварувачка година.

Сподели

Не пропуштајте

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Турција пресилна за Македонија: Одбојкарките со пораз на стартот на Медитеранските игри

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија со пораз ги започна настапите на Медитеранските игри во Таранто, Италија, откако на стартот од групната фаза загуби...

Ракомет

Адама Кеита со големи амбиции: „Јас веќе имам зацртано титула како цел за оваа сезона!“

Едно од најзвучните засилувања на ГРК Охрид оваа сезона- Французинот Адама Кеита потпиша за Охрид за сезоната 2026/2027, со можност за продолжување на...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Шкупи без победа речиси една година – тимот од Чаир повторно кај Кожуф, последниот противник што го совлада!

Ланскиот прволигаш Шкупи продолжува со црната серија и во Втората македонска фудбалска...

Младински фудбалФудбал

ОФС Кавадарци со поддршка за новоформираниот фудбалски клуб Академија Мојсов

Општинскиот фудбалски сојуз Кавадарци со поддршка за новоформираниот фудбалски клуб Академија Мојсов...

ФудбалЧетврта лига

ОФС Кичево ги повикува заинтересираните екипи за учество во Општинската лига 2026/2027

Општинскиот фудбалски сојуз Кичево ги повикува сите заинтересирани екипи кои сакаат да...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!