Прва лигаФудбал

Убедливи победи на Шкендија и Струга ТЛ на првите зимски подготовки

Сподели
ФОТО: Брера Струмица
Сподели

Македонските прволигаши Шкендија и Струга Трим Лум со позитивни настапи ги отворија пријателските натпревари во рамки на зимските подготовки, забележувајќи убедливи победи против Брера Струмица, односно Малиќи.

Шкендија денеска го одигра првиот контролен натпревар во 2026 година и славеше сигурна победа од 3:0 против АП Брера на терените на тренинг-комплексот на ФФМ во Скопје. И покрај заморот од интензивната фаза на подготовки и зголемените физички напори, избраниците на тренерот Јетон Беќири покажаа дисциплина и доминација во текот на целиот натпревар. Стручниот штаб им даде можност за настап на сите фудбалери кои беа на располагање, додека Трумчи имаше физички проблем, а Алхасан и Вебстер се приклучија со задоцнување на подготовките.

„Црвено-црните“ поведоа во 12. минута, кога Адеми одзеде топка пред противничкиот шеснаесетник и асистираше до Мазари, кој прецизно реализираше за 1:0. Во второто полувреме следеше целосна контрола на играта, а во 61. минута Ибраими го зголеми водството, откако Ндзенгве ја погоди пречката по убавата асистенција на Тамба. Конечните 3:0 беа поставени во 82. минута, кога Ибраими со мирна завршница го постигна својот втор погодок на натпреварот.

Позитивниот тест за Шкендија доаѓа пред заминувањето на екипата на главната фаза од подготовките. По слободниот петок, тимот во сабота патува во Анталија, Турција, каде што до 1 февруари ќе се подготвува за пролетниот дел од сезоната.


Успешен старт на контролите имаше и Струга Трим Лум, која попладнево во Корча забележа убедлива победа од 0:3 на гостувањето кај албанскиот Малиќи. Стрелци за тимот на Бледи Шкемби беа Малески, Рочи и Радески. Според прикажаното и создадените шанси, стружани имаа можност и за поубедлив триумф, но за прв натпревар од зимските подготовки, резултатот е повеќе од задоволителен.

И Струга Трим Лум, како и Шкендија, ќе ја одработи главната фаза од подготовките во Анталија, Турција, додека Брера Струмица, по контролата со тетовскиот тим, ќе се подготвува во Грција.

Двата пријателски натпревари најавија сериозен пристап и добра форма кај водечките екипи во пресрет на продолжението од сезоната.


Сподели

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

(ФОТО) Младите македонски фудбалери пристигнаа во Турција – во Трабзон започнува битката за пласман на Европското првенство!

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години пристигна во Турција, каде што од 11 до 17 ноември ќе настапи на квалификацискиот турнир...

Останати репрезентацииРепрезентација

Скопје домаќин на Европското сениорско првенство во кик бокс, Македонија со 33 натпреварувачи ќе атакува на медал

Во Скопје вчера во попладневните часови свечено беше отворено Европското сениорско првенство во кикбокс.  Натпреварите се одржуваат во спортскиот центар „Јане Сандански“, а...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Елмас стартер во првата гостинска победа на Аталанта пред дуелот со Шкотска

Елиф Елмас се врати во почетниот состав на Аталанта во Серија А,...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!